1 јануари 2014
Вести
-
Свет 01.01.2014 16:18
-
Македонија 01.01.2014 15:48
Мирна новогодишна ноќ и во болниците
Само 23 многу пијани на скопска токсикологија, од кои 11 малолетници. Најмалиот има 14 години. Нема дрогирани, предозирани ниту прејадени. Има само тројца со хронични стомачни проблеми. Незапамтено мал број за последниве 5 години.
-
Македонија 01.01.2014 15:17
Врховниот командант со македонската војска
Претседателот на Македонија и врховен командант на оружените сили Ѓорге Иванов, придружуван од Началникот на генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески ги посети припадниците на Командата за обука и доктрини на АРМ во касарната „Алекса Демниевски - Бауман".
-
Економија 01.01.2014 15:07
Во општина Петровец нова трафостаница
Новата 110 киловолтна разводна постројка во општина Петровец директно е поврзана со националниот електроенергетски систем.Според генералниот директор Спасов,МЕПСО во континуитет вложува во одржувањето,надградбата и во модернизацијата на преносната мрежа.
-
Македонија 01.01.2014 15:04
Мирно, но инцидент со „брза помош“
Тргнале да помогнат, завршиле во ургентен. 20 –ина минути пред Нова година настрада возачот на Брза помош. Инцидентот се случил кога на повик екипа на Брза помош се упатила во населбата Кисела Вода.
-
Македонија 01.01.2014 14:55
Српски државјани се степале во Охрид
Во раните утрински часови во Охрид на бродот „Александрија“, лице од Лесковац, Република Србија, физички нападнал две лица од Ниш, исто така, српски државјани. На повредените им е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Охрид.
-
Култура 01.01.2014 14:50
Расказот на Томислав Османли преведен на англиски и јазикот на Евреите Сефарди
Глобалниот портал www.sefarad.com објави расказ од македонскиот автор Томислав Османли. Може да се прочита на англиски и на „ладино“ - јазикот на Евреите Сефарди, а го преведе белгијанката Шапоре Бланко.
-
Македонија 01.01.2014 14:36
Дебармаалска традиција
Дебармалции го заиграа традиционалното новогодишно оро . Со чашка греена ракија и богата трпеза пред култната кафеана Идадија го прославија почетокот на Новата година . На оро прв се фати кумот. Со благослов од стариот ќе ја продолжи долгогодишната традиција .
-
Македонија 01.01.2014 14:32
Иван е првороденото дете во Скопје во 2014 година
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, Mинистерот за здравство, Никола Тодоров и Mинистерот за труд и социјална политика, Диме Спасов денеска /01.01.2014 година на Клиниката за гинекологија и акушерство при Универзитетскиот клинички центар го посетија првото бебе што се роди во Скопје
-
Македонија 01.01.2014 13:08
Нова година на Плоштад Македонија
Jа испративме старата 2013 година . Новата 2014 пречекана во весела атмосфера . Највеселата ноќ традиционално со новогодишно музичко шоу на плоштадот Македонија.Точно на полноќ спектакуларен огномет го осветли небото над Скопје .






