Наглото затоплување ги разбуди чувствата на љубителите на егзотичните одморалишта и плажи.
Вести
-
Македонија 07.06.2025 13:32
-
Македонија 07.06.2025 13:13
Владата воспоставува нова телефонска линија за повредените во Кочани
Владата со телефонска линија преку која повредените во трагедијата во Кочани и нивните семејства ќе можат директно да ги изнесат своите барања и потреби. Ќе биде активна од понеделник, 09.06 и ќе функционира непрекинато и достапно за сите повредени и нивните семејства.
-
Свет 07.06.2025 12:49
Втора ноќ по ред Украина под интензивни руски напади
Војната се разгорува. Со ракети и беспилотни летала, Харков, вториот по големина град во Украина, под најинтензивниот оган од почетокот на конфликтот. Регистрирани жртви и повредени, во пламен станбени згради на неколку локации. На удар и градови на исток и северозапад.
-
Свет 07.06.2025 12:00
Високи претставници од САД и Кина ќе се сретнат во Лондон на трговски разговори
Високи претставници од САД и Кина ќе се сретнат во Лондон во понеделник на трговски разговори.
-
Македонија 07.06.2025 11:13
Куманово: Пациенти бараат помош поради крлежи
Зголемен број убоди од крлежи регистрира инфективното одделение при кумановската болница. До петмина пациенти неделно бараат помош. Лекарите велат периодов, почнувајќи од мај до крајот на август, очекуваат бројот да е голем.
-
Свет 07.06.2025 10:27
Руски воздушни напади врз Харков
Харков под интензивен руски оган, најголем од почетокот на војната. Регистрирани се најмалку 60 експлозии. Продолжува битката со дронови и во други региони. Русија ги користи мировните преговори за да ги зголеми нападите врз Украина, обвинува Зеленски.
-
Македонија 07.06.2025 09:14
Деветти по ред „Марш за ангелите“ во Кочани
Родителите и блиските на семејствата на настраданите во пожарот во „Пулс“ денеска ќе го организираат деветтиот „Марш за ангелите“, во знак на почит кон починатите и поддршка за побрзо закрепнување на повредените во трагичниот настан.
-
Македонија 07.06.2025 08:46
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
-
Свет 06.06.2025 20:28
Масовни воздушни напади врз украинската престолнина
Кремљ ја почна одмаздата за „Пајаковата мрежа“. Со 44 ракети и повеќе од 400 беспилотни летала нападнат Киев, сирените за опасност активирани и во други региони. Оштетена е електричната мрежа, во прекин се железнички линии.
-
Свет 06.06.2025 19:21
Администрацијата на САД воведе санкции против четворица судии на Меѓународниот кривичен суд
Администрацијата на САД воведе санкции против четворица судии на Меѓународниот кривичен суд. Државниот секретар Рубио, објави дека потегот е поради активното учество на судиите во нелегални и неосновани постапки против САД и сојузникот Израел.










