Вести

  • Македонија 07.06.2025 11:13

    Куманово: Пациенти бараат помош поради крлежи

    Зголемен број убоди од крлежи регистрира инфективното одделение при кумановската болница. До петмина пациенти неделно бараат помош. Лекарите велат периодов, почнувајќи од мај до крајот на август, очекуваат бројот да е голем.

  • Свет 07.06.2025 10:27

    Руски воздушни напади врз Харков

    Харков под интензивен руски оган, најголем од почетокот на војната. Регистрирани се најмалку 60 експлозии. Продолжува битката со дронови и во други региони. Русија ги користи мировните преговори за да ги зголеми нападите врз Украина, обвинува Зеленски.

  • Македонија 07.06.2025 09:14

    Деветти по ред „Марш за ангелите“ во Кочани

    Родителите и блиските на семејствата на настраданите во пожарот во „Пулс“ денеска ќе го организираат деветтиот „Марш за ангелите“, во знак на почит кон починатите и поддршка за побрзо закрепнување на повредените во трагичниот настан.

  • Македонија 07.06.2025 08:46

    Сончево и многу топло со мала до умерена облачност

    Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

    Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

  • Свет 06.06.2025 20:28

    Масовни воздушни напади врз украинската престолнина

    Кремљ ја почна одмаздата за „Пајаковата мрежа“. Со 44 ракети и повеќе од 400 беспилотни летала нападнат Киев, сирените за опасност активирани и во други региони. Оштетена е електричната мрежа, во прекин се железнички линии.

  • Свет 06.06.2025 19:21

    Администрацијата на САД воведе санкции против четворица судии на Меѓународниот кривичен суд

    Администрацијата на САД воведе санкции против четворица судии на Меѓународниот кривичен суд. Државниот секретар Рубио, објави дека потегот е поради активното учество на судиите во нелегални и неосновани постапки против САД и сојузникот Израел.

  • Економија 06.06.2025 18:29

    Туристи има, но помалку трошат

    Стартот на сезоната за жал не ги исполни очекувањата на туристичките работници. Оценките се дека мај помина послабо споредбено со лани. Туристи има, но со послаба куповна моќ, помалку се троши, а и помалку се задржуваат во градот.

  • Македонија 06.06.2025 17:54

    Опаѓа бројот на првачиња во источна Македонија

    Во мајскиот уписен рок во петте основни училишта во Штип се запишани 326 првачиња, за 100 ученици помалку од лани. Според податоците од СВР Штип, бројот на деца родени 2019 година кои годинава треба да кренат во училиште е 470, но со миграцијата и иселувањето бројот значително опаѓа

  • Македонија 06.06.2025 17:24

    Топлото време ги зголеми повиците кон итната медицинска помош

    Шестмина скопјани колабирале на жешкиот асфалт, за едно деноноќие брзата помош интервенирала и кај осум сообраќајни несреќи кај патници кои завршиле со повреди. Топлото време ги зголеми итните повици кон службата.

  • Македонија 06.06.2025 17:01

    Полни контејнери низ општините во Скопје, граѓаните реагираат

    Контејнерите почнуваат да се празнат откако општините сами го одлагаат отпадот за кој граѓаните плаќаат сметки на ЈП „Комунална хигиена“. Во одредени делови на Скопје контејнерите се чисти, во други сè уште претекуваат.

Pages