Израелската војска нападна неколку локации во јужните предградија на Бејрут, за кои тврди дека имало подземни објекти што ги користел Хезболах за производство на дронови. Тел Авив претходно предупреди дека цели на осум згради на четири локации.
Вести
-
Свет 06.06.2025 09:15
-
Култура 06.06.2025 09:02
59-то издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“
Денеска, во 20 часот, во големата сала на Центарот за културата „Марко Цепенков“, во Прилеп ќе биде отворено 59. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, со претставата „12“, во режија на Синиша Евтимов, на Македонскиот народен театар, .
-
Македонија 06.06.2025 08:47
Муслиманските верници го слават Курбан Бајрам
Муслиманските верници го слават Курбан Бајрам, еден од најголемите празници на исламската религија. Во џамиите во утринските часови се одржаа молитви.
Централната манифестација што ја организираше исламската верска заедница се одржа во Мустафа-пашината џамија во Скопје.
-
Свет 06.06.2025 08:31
Засилени руски напади во Киев и други региони
Засилени руски напади на украинско тло. Балистички ракети и беспилотни летала истрелани од повеќе насоки, соопштија украинските воздухопловни сили. Зеленски во обраќањето повика на силни чекори од партнерите.
-
Македонија 06.06.2025 08:21
Сончево и многу топло, попладне нестабилна облачност со дожд и грмежи
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град.
-
Македонија 06.06.2025 08:04
Православните верници ја одбележуваат Задушница
Православните христијани денеска и утре ја празнуваат задушница, денови посветени на молитвите за покојните роднини и пријатели. На задушница се посетуваат нивните гробови и се палат свеќи за покој на душата. Празникот Задушница се одбележува во знак на сеќавање на починатите.
-
Македонија 05.06.2025 21:13
Сиљановска-Давкова го прими актерот Едмонд Сотир
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со Едмонд Сотир, актер, основач и организатор на фестивалот „Македонско Културно лето“, којшто годинава по 20-ти пат ќе се одржи во Преспа, општина Пустец во Албанија.
-
Македонија 05.06.2025 20:45
МОН со поддршка од партнерски организации ја започна изработката на нова Стратегија за образование 2026 - 2032
Повеќе институции, образовни установи, претставници на граѓанскиот сектор и меѓународни партнери на Министерството за образование и наука започнаа со изработка на нова Стратегија за образование која ќе има важност од 2026 до 2032 година.
-
Македонија 05.06.2025 20:20
Предложен притвор за осомничен за четири тешки кражби
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 20-годишник за кого постои основано сомнение дека во само неколку дена во мај извршил четири кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 05.06.2025 20:06
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел ја потврди посветеноста на државата кон колективната безбедност
Денеска, во седиштето на НАТО во Брисел, министерот Владо Мисајловски заедно со министрите за одбрана на сојузничките земји учествуваше на состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО.










