Во 16 часот и 5 минути, семејствата на загинатите во трагичниот пожар во кочанската дискотека го почнаа осмиот по ред „Марш за ангелите“. Од Паркот на револуцијата до зградата на Општина Кочани, полициската станица, судот и обвинителството.
Вести
-
Македонија 31.05.2025 17:15
-
Македонија 31.05.2025 16:47
Арсовска ги достави документите со кои тврди дека во Чаир се гради на диво
Градоначалничката Данела Арсовска ги достави сите документи со кои тврди дека на диво се гради во општината Чаир. Се чуди, како до сега ОЈО постапувало по „допрен глас“ а сега бараат градоначалничката да пријави. На Висар Ганиу и на Изет Меџити им порача дека не им се плаши.
-
Економија 31.05.2025 16:27
Недостиг од кадар во угостителските објекти во Охрид
Според слободните проценки на брегот на Охридското Езеро, има недостиг од стотици работници во туристичкиот сектор. Огласите се преполни, готвачи, шанкери, келнери и помошници во кујна се најчестите позиции кои се нудат.
-
Македонија 31.05.2025 16:03
Падна кран врз објект во градба во битолската касарна
Во кругот на старата касарна, на објект на кој имало работници, падна повеќеметарски кран и оштети дел од објектот. Околу 14 часот СВР Битола добила пријава за несреќата, во која првично било кажано дека има повредени работници.
-
Македонија 31.05.2025 15:21
Со испит по мајчин јазик започна полагањето на државната матура
450 матуранти седнаа во испитните клупи на земјоделскиот факултет за да им се тестира знаењето по мајчин јазик. Почна полагањето на државната матура. Прашањата за некого тешки, за некого лесни – но визијата иста – упис на факултет како прв чекор за добивање диплома.
-
Економија 31.05.2025 14:41
Оперативен план за вработување на младите
Со 40 милиони евра вредниот „Оперативен план 2025“ ќе се финансира обука, преквалификации и самовработување на младите до 29 години. Програмите ќе опфаќаат вештини и дејности за кои има недостиг вработени.
-
Свет 31.05.2025 13:56
Израел продолжува со офанзивата
Голем облак од чад се издигна над северниот дел на Појасот Газа, додека Израел продолжува со својата офанзива во енклавата.
Хамас го разгледува новиот предлог за прекин на огнот одобрен од Израел.
-
Македонија 31.05.2025 13:14
Актуелните состојби во акумулацијата „Стрежево“ влеваат страв кај земјоделците за стабилна наводнувачка сезона
Доколку летово имаме пеколни температури, џабе ќе биди фактот што годинава имаме идеална пролетна сеидба со целосно исполнет сеидбен план, велат пелагониските земјоделци.
-
Свет 31.05.2025 12:19
Меѓународниот самит за безбедност во Сингапур
Светот треба да биде многу загрижен поради зајакнување на односите меѓу Русија и Кина, особено откако севернокорејските трупи се вклучија во војната против Украина, предупреди шефицата за надворешна политика на Европската унија Каја Калас на меѓународниот самит за безбедност во Сингапур.
-
Свет 31.05.2025 11:44
Нови руски напади во Украина
Нови руски напади во Украина. Најмалку две лица загинаа, а десетици се ранети во нападот со дронови на југот од Украина. Во украинските напади на дронови врз руска територија, пак, ранети се најмалку 10 лица.










