Десет лица, меѓу кои и деца се убиени, а неколку се ранети денеска во Цетиње, кога вооружен маж пукал врз нив, по што избегал и засега е недостапен за полицијата.
Вести
-
Свет 01.01.2025 22:08
-
Македонија 01.01.2025 21:32
Пронајдени над 13.000 пиротехнички средства во Синѓелиќ, лишени од слобода две лица
На 31.12.2024 полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во с.Синѓелиќ ги лишија од слобода Џ.А.(29) од с. Синѓелиќ и Л.А. (33) од Скопје.
Кај Џ.А., на импровизирана тезга, пронајдени се 8.598 пиротехнички средства, а кај Л.А. 4.641 пиротехнички средства.
-
Македонија 01.01.2025 19:20
Муцунски: Евроинтеграцијата, придонесот во НАТО и партнерството со САД остануваат во фокусот
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во новогодишната видео честитка порачува дека фокусот во 2025 година ќе биде евроинтеграцијата на државата, придонесот во НАТО и цврстото партнерство со САД.
-
Економија 01.01.2025 18:06
Димитриеска-Кочоска: Во новата година очекуваме подобри резултати втемелени на нашиот концепт заснован на инвестиции
На својот ФБ профил вели дека крајот на годината и почетокот на Новата е време кога гледаме зад нас што сме направиле и на што сме ја потрошиле нашата енергија и какви очекувања имаме за Новата година.
-
Свет 01.01.2025 17:36
Прославата за Нова година во сенка на војните на Блискиот Исток и Украина
Со традиционалното „паѓање на топката“ на Тајмс Сквер и дожд конфети врз стотиците илјади луѓе одбележан почетокот на новата 2025 година во Њујорк.
Во новата година заѕвони и Лондон. Спектакуларен огномет на бреговите на Темза. Лондонското око во светлечко шоу.
-
Македонија 01.01.2025 17:00
Јаков е првото бебе родено во Новата година
Јаков е првото родено бебе во Новата година, но и прва рожба за семејството Догазански. На свет дојде една секунда по полноќ. 32-годишната Сања го родила со царски рез, со тежина од три килограми и 190 грама.
-
Македонија 01.01.2025 16:33
Претседателката Сиљановска Давкова во посета на Вториот пешадиски баталјон
„Нашата Армија држи чекор со најсовремените трендови, но посакувам ова оружје да не се користи. Посакувам оваа година мирот да биде главна опција“, изјави македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова.
-
Македонија 01.01.2025 16:11
Првојануарски собир на дебармаалци
Горди на својата 97-годишна традиција. Дебармаалци повторно на први јануари во Идадија. Во Дебар Маало. Ја поделија погачата ги кренаа чашите си посакаа здравје и бериќет. Го раширија орото онака како што го прават безмалку цел век.
-
Македонија 01.01.2025 15:38
Тoшковски: Мирна и безбедна новогодишна ноќ
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше на отворање на новиот ски центар „Михајлово“ близу Кавадарци, во кој не само кавадарчани туки и сите граѓани ќе можат да се рекреираат и да уживаат во зимските убавини и спортови.
-
Македонија 01.01.2025 15:08
Отворен новиот скијачки центар „Михајлово“
На првиот ден во годината и прва инвестиција. За љубителите на скијањето отворен новиот скијачки центар „Михајлово“ и првата скијачка патека „Македонија“. Снегот на Кожуф, совршен за љубителите да ја доживеат зимската магија.
Известува Марина Стојанова Тонева










