Вести

  • Македонија 01.01.2025 15:38

    Тoшковски: Мирна и безбедна новогодишна ноќ

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше на отворање на новиот ски центар „Михајлово“ близу Кавадарци, во кој не само кавадарчани туки и сите граѓани ќе можат да се рекреираат и да уживаат во зимските убавини и спортови.

  • Македонија 01.01.2025 15:08

    Отворен новиот скијачки центар „Михајлово“

    На првиот ден во годината и прва инвестиција. За љубителите на скијањето отворен новиот скијачки центар „Михајлово“ и првата скијачка патека „Македонија“. Снегот на Кожуф, совршен за љубителите да ја доживеат зимската магија.

    Известува Марина Стојанова Тонева

  • Свет 01.01.2025 14:45

    Илјадници демонстранти и студенти ја претворија Новата година во протести во Белград

    Десетици илјади демонстранти во Белград предводени од студентите ја дочекаа Новата година со прошетка, блокади и петнаесетминутно молчење поради незадоволството од власта и за тргедијата на железничката станица во Нови Сад.

  • Македонија 01.01.2025 14:22

    Првото бебе во 2025-та година е машко

    Првото бебе во 2025 година е машко. Се роди на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во минута по полноќ. Но, жално е што на 13-годишно дете со повреда од петарда во текот на новогодишната ноќ му била укажана лекарска помош. Имало и 18 пациенти затруени со алкохол.

  • Свет 01.01.2025 13:45

    Софија и Букурешт влегоа во ексклузивната Шенген зона

    Шенген зоната на Унијата преку Романија сега ќе има 13 контролни точки со границите на Украина и на Молдавија. Романските северни и источни граници стануваат надворешни во областа на слободното економско движење, и затоа контролата на овие гранични места ќе биде построга.

  • Македонија 01.01.2025 13:08

    Делегација на Владата положи цвеќе на вечното почивалиште на Киро Глигоров

    Делегација на Владата на Република Македонија, предводена од министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, на Градските гробишта Бутел во Скопје.

  • Македонија 01.01.2025 11:51

    Од денеска не важат возачките со старото име на државата

    Возачките дозволи со старото име на државата од денеска престануваат да важат. Граѓаните кои ќе бидат затекнати со старата возачка ќе бидат санкционирани со парична казна од 100 евра,

  • Македонија 01.01.2025 11:23

    Новата година во Охрид дочекана во прекрасна атмосфера

    Илјадници туристи од земјава и регионот заедно со своите домаќини во прекрасна атмосфера ја дочекаа Новата 2025 година на градскиот плоштад, во хотелите, рестораните и туристичките населби долж езерскиот брег.

  • Свет 01.01.2025 10:49

    Дочек на Новата година во светот

    Со традиционалното „паѓање на топката“ на Тајмс Сквер и дожд конфети врз стотиците илјади луѓе одбележан почетокот на Новата 2025-та година во Њујорк.

    Во новата година заѕвони и Лондон. Спектакуларен огномет на бреговите на Темза. Лондонското око во светлечко шоу.

  • Македонија 01.01.2025 10:34

    Дочек на Новата година во Скопје

    Весели, разиграни, како и милиони луѓе низ светот, дел од нашите сограѓани, Новата година ја дочекаа на градскиот плоштад во Скопје. Без оглед на возраста, желбите се исти.

    За новогодишната забава беа задолжени Сара Мејс, Љубојна, Ареа и Нокаут.

Pages