„Од утре сите училишта ќе бидат затворени поради загадување“. Ова е лажна вест која би можела брзо да се прошири. Не е доволно нешто да изгледа или звучи вистинито, потребно е и да се проверат изворот и дополнителните докази.
Вести
-
Македонија 26.10.2026 17:46
-
Македонија 26.10.2026 17:19
Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката за енергетика Божиновска
Собранието ја отфрли интерпелацијата за работата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини.
-
Свет 26.10.2026 17:13
Студентската листа ја победи СНС на Вучиќ, Срдановиќ: Со Македонија ќе градиме добрососедски односи
Политичко цунами во Србија. Студентската листа ја смени власта на Александар Вучиќ, но и ја избриша опозицијата од политичка сцена.
-
Македонија 26.10.2026 17:12
Ново рочиште за деветмината полицајци обвинети во случајот „Пулс“
Во Кривичниот суд во Скопје се одржа ново рочиште за деветмината полицајци обвинети во случајот „Пулс“.
Бранителите, предлагајќи ја листата на докази и сведоци, побараа и нивните клиенти да бидат сослушани во својство на сведоци.
-
Македонија 26.10.2026 16:48
Лична карта и возачка дозвола на мобилен – од четврток електронски паричник
Лична карта и возачка дозвола на мобилен – од четврток почнува да функционира електронскиот паричник. Апликацијата е безбедна, податоците се заштитени – уверува министерот Андоновски. Граѓаните ќе можат сами да изберат кои податоци ќе ги споделуваат при легитимирањето.
-
Македонија 26.10.2026 16:06
Милошоски – Холовња: Продлабочување на парламентарната соработка и поддршка за европската интеграција
Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, се сретна со потпретседателот на полскиот Сејм, Шимон Холовња, кој престојува во официјална посета на земјава.
-
Економија 26.10.2026 15:35
Дурмиши: Целта на потрошувачката кошница е транспарентна и реална слика за трошоците на граѓаните, а не прикажување пониски бројки
На денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС), социјалните партнери дискутираа за повеќе прашања од значење за работниците, работодавачите и животниот стандард на граѓаните, со посебен акцент на просечната потрошувачка кошница изготвена од Министерството за економија и труд.
-
Економија 26.10.2026 15:04
Домашното производство покрило 97,2 отсто од потрошувачката на струја во август
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната потрошувачка на електрична енергија во август изнесувала 520.849 мегават-часови.
Во истиот период биле потрошени 17,563 милиони нормални кубни метри природен гас, 175.578 тони јаглен и 119.046 тони нафтени продукти.
-
Македонија 26.10.2026 14:44
УХМР: Постудено време со дожд и силен северозападен ветер, снег на планините
Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и засилен северозападен ветер се очекува утре. Температурите ќе се движат од минус три до 17 степени, а на повисоките планини дождот ќе преминува во снег.
-
Македонија 26.10.2026 14:41
Собранието не ја изгласа интерпелацијата за министерката Божиновска
Со 19 гласа „за“ и 63 „против“, Собранието ја отфрли интерпелацијата за работата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, поднесена од Левица.










