Каналите за комуникација меѓу Иран и САД остануваат отворени и покрај зголемените стравувања од обновување на војната. Техеран не ја затворил вратата за дипломатијата, а преку посредници продолжува размената на пораки, велат од иранското МНР.
Вести
-
Свет 26.10.2026 12:17
-
Македонија 26.10.2026 12:00
Уништени 470 килограми ќебапи, плескавици и внатрешни органи пронајдени во нерегистрирана комора во Општина Василево
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), минатата недела, спроведе вонреден инспекциски надзор кај правно лице – месарница во Општина Василево, при што на приватен имот беше откриена комора која не била регистрирана во Агенцијата за храна и ветеринарство.
-
Свет 26.10.2026 11:45
Јотова и Ѓуров одат во вториот круг на претседателските избори во Бугарија
Речиси целосно се обработени гласовите од претседателските избори во Бугарија.
Илијана Јотова и Андреј Ѓуров одат во втор круг што ќе се одржи в недела на 1-ви ноември. Разликата меѓу нив е 42.826 гласа.
Гласањето мина во мирна атмосфера со рекордно ниска излезност под 20 насто.
-
Свет 26.10.2026 11:33
Зеленски: Подготвеноста на Путин за мировни преговори може да биде „политички трик“
Украинскиот претседател вели дека изразената подготвеност на рускиот претседател Путин за мировни преговори може да биде „политички трик“ насочен кон избегнување на ескалација на тензиите со Вашингтон пред среднорочните избори во САД.
-
Македонија 26.10.2026 11:08
Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода девет возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик, информираат од МВР.
-
Свет 26.10.2026 10:48
Четврти претседателски мандат на Лула да Силва
80-годишниот Луис Инасио Лула да Силва, освои четврти претседателски мандат и го победи сенаторот Флавио Болсонаро, со над четири милиони гласови.
Болсонаро одби да го признае поразот во вториот круг и побара поништување на резултатите поради двочасовното продолжување на гласањето.
-
Македонија 26.10.2026 10:44
Водата во Скопје безбедна за пиење и со добар квалитет
Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18).
-
Македонија 26.10.2026 10:23
Потпретседателот на полскиот Сејм, Шимон Холовња, во посета на Собранието
Потпретседателот на полскиот Сејм, Шимон Холовња, денеска ќе престојува во посета на Собранието. Предвидена е средба со потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, како и разговори со пратеничката група за соработка со Парламентот на Полска.
-
Култура 26.10.2026 10:00
Природонаучниот музеј на Македонија одбележува 100 години од своето постоење
Со свечена академија во Македонскиот народен театар, Природонаучниот музеј на Македонија денеска одбележува 100 години од своето постоење, јубилеј што го потврдува неговото значење како една од најстарите и најзначајни научни и музејски институции во земјата.
-
Македонија 26.10.2026 09:59
Муцунски ѝ честиташе на Студентската листа за изборниот успех во Србија
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, им честиташе на претставниците на Студентската листа за победата на предвремените парламентарни избори во Србија. Тој им посака успех во преземањето на одговорноста и исполнувањето на очекувањата на граѓаните.










