Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (над 50 km/h).
Вести
-
Македонија 26.10.2026 07:57
-
Свет 26.10.2026 07:06
Претседателските избори во Бугарија одат во втор круг
Според податоците на агенцијата „Алфа рисрч“, Јотова и кандидатот за потпретседател Кирил Валчев освоиле 34,6 отсто од гласовите, додека Ѓуров и неговиот кандидат за потпретседател Георги Кандев добиле 32,7 отсто.
Излезноста изнесувала 22,5 проценти.
-
Свет 26.10.2026 06:56
Академик Саичиќ: Ви благодарам за довербата, за храброста и што верувавте дека промените се можни
„Вечерва не станува збор само за изборните резултати, туку за луѓето кои веруваа и продолжија да се борат. Ова е победа над стравот. Ви благодарам за секоја жртва и за секој вложен напор.
-
Свет 26.10.2026 06:50
Вучиќ го призна поразот на предвремените парламентарни избори во Србија
„Сè уште немаме конечни резултати. Многумина ќе бидат изненадени. Ќе сфатите колку некои лажеа и што сè измислуваа. Сакам да ве известам дека врз основа на примерокот е јасно дека ги загубивме овие избори“, изјави Вучиќ.
-
Економија 25.10.2026 18:11
Нов раст на нафтата, утре одлука за цените на горивата
Цената на нафтата на светскиот пазар никако да се смири. Причина, геополитичките тензии и стравувањата од нарушување на снабдувањето со овој енергенс. Секое дополнително влошување на состојбата притиска за ново поскапување на енергентите, со последици и врз цените на горивата.
-
Свет 25.10.2026 17:41
Судири и апсења на протестите низ Европа
Повредени, приведени, материјална штета, ова е епилогот од вчерашните демонстрации во регионот и во Европа.
-
Македонија 25.10.2026 17:06
Изборите во Србија и Бугарија и нивното влијание врз Македонија
Дали и какво влијание ќе имаат изборните циклуси во Србија и Бугарија врз Македонија?
-
Свет 25.10.2026 16:32
Зеленски предупредува на одлуки на САД што би ѝ помогнале на Русија, Трамп најавува соработка со двете страни
Украинскиот претседател Зеленски вели дека несогласувањата со американскиот претседател Трамп не се од лична природа, но предупреди дека одредени одлуки на Вашингтон можат директно да и помогнат на Русија да ја продолжи војната.
-
Македонија 25.10.2026 15:40
Шасивари на Европскиот ден на правдата: Правдата е обврска, одговорноста е должност, довербата се заслужува
Правдата е темелот на правната држава, чуварот на слободата, достоинството на секој човек и најсилниот доказ за вистинската зрелост на институциите. Без независно судство, професионално обвинителство и одговорни институции, нема правна сигурност, нема еднаквост и нема вистинска доверба.
-
Свет 25.10.2026 14:37
Масовни протести во Франција, речиси 1.000 уапсени
Стотици илјади демонстранти излегоа вчера на протестите во Франција во саботата. Иако собирите беа главно мирни, во делови од Париз и Марсеј дојде до судири. Полицијата употреби солзавец и водени топови против група од околу 500 млади луѓе со качулки.










