Пратениците денеска на 128. собраниска седница ќе расправаат за интерпелацијата за работата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, поднесена од пратениците на Левица.
Вести
-
Македонија 26.10.2026 09:38
-
Култура 26.10.2026 09:15
РУТА од денеска во Драмски театар Скопје – шест претстави, четири монодрами и три работилници
Шест претстави од водечки театри во регионот, четири монодрами и три стручни работилници се дел од петтото издание на меѓународниот театарски фестивал РУТА, кој од денеска до 31 октомври ќе се одржува во Драмски театар Скопје.
-
Македонија 26.10.2026 08:46
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Економија 26.10.2026 08:36
Презентација на дигиталните услуги за компаниите во Стопанската комора
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска ќе ги презентира достапните дигитални услуги, решенија и можности за компаниите членки на Стопанската комора.
-
Македонија 26.10.2026 08:21
Седници на две собраниски комисии
Во Собранието денеска седници ќе одржат две комисии – Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија.
-
Македонија 26.10.2026 07:57
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (над 50 km/h).
-
Свет 26.10.2026 07:06
Претседателските избори во Бугарија одат во втор круг
Според податоците на агенцијата „Алфа рисрч“, Јотова и кандидатот за потпретседател Кирил Валчев освоиле 34,6 отсто од гласовите, додека Ѓуров и неговиот кандидат за потпретседател Георги Кандев добиле 32,7 отсто.
Излезноста изнесувала 22,5 проценти.
-
Свет 26.10.2026 06:56
Академик Саичиќ: Ви благодарам за довербата, за храброста и што верувавте дека промените се можни
„Вечерва не станува збор само за изборните резултати, туку за луѓето кои веруваа и продолжија да се борат. Ова е победа над стравот. Ви благодарам за секоја жртва и за секој вложен напор.
-
Свет 26.10.2026 06:50
Вучиќ го призна поразот на предвремените парламентарни избори во Србија
„Сè уште немаме конечни резултати. Многумина ќе бидат изненадени. Ќе сфатите колку некои лажеа и што сè измислуваа. Сакам да ве известам дека врз основа на примерокот е јасно дека ги загубивме овие избори“, изјави Вучиќ.
-
Економија 25.10.2026 18:11
Нов раст на нафтата, утре одлука за цените на горивата
Цената на нафтата на светскиот пазар никако да се смири. Причина, геополитичките тензии и стравувањата од нарушување на снабдувањето со овој енергенс. Секое дополнително влошување на состојбата притиска за ново поскапување на енергентите, со последици и врз цените на горивата.









