СДСМ денеска на партиски конгрес во „Александар Палас“ во Скопје ќе избира ново раководството. Ќе се бираат нови членови на Централниот одбор, највисокиот орган во партијата.
Вести
-
Македонија 24.11.2024 09:20
-
Македонија 24.11.2024 08:41
Ведро и студено со северен ветер
Времето денеска изутрина ќе биде ведро и многу студено, а преку ден ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од-11 до-2, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени Целзиусови.
-
Свет 23.11.2024 18:48
Притвор за министерот во оставка Весиќ и другите осомничени за несреќата во Нови Сад
Судот во Нови Сад им одреди притвор до 30 дена на министерот за градежништво на Србија во оставка, Горан Весиќ и на поранешниот директор на Железничката инфраструктура на Србија, Небојша Шурлан.
-
Македонија 23.11.2024 18:39
Жените да се охрабрат за челни позиции во спортот
Јована Максимовска е млада и амбициозна фудбалерка која штотуку ја стартува својата кариера како судијка. Свирчето го означува почетокот не само за младата женска екипа, туку често суди и на момчиња. Иста игра, но различна перцепција. Момчињата гледаат со предрасуди кон нејзиниот суд на правда.
-
Култура 23.11.2024 18:24
Дивоградбите ја нарушуваат охридската староградска архитектура, неопходна е нејзина заштита
Приземје со сив делкан камен, бело обоени катови со дрвени кафеави опшиви, еркери, препознатлива пропорција на прозорците во однос на катот, кров од црвени ќерамиди, се само дел од карактеристиките на охридската староградска архитектура која е на списокот на УНЕСКО.
-
Свет 23.11.2024 18:04
Нови воздушни напади на израелската армија врз јужните предградија на Бејрут
Конфликтите продолжуваат на Блискиот Исток. Израелската армија изврши нови воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут и градот Тир. Либанската Национална новинска агенција објави дека во нападот има жртви и дека е уништена осумкатница.
-
Македонија 23.11.2024 17:08
Зголемен бројот на заболени од сезонски грип во Куманово
Зголемен е бројот на заболени од грип, покажуваат податоците на кумановскиот центар за јавно здравје. Од почетокот на октомври регистрирани се над 80 случаи. Повеќето од заболените се на возраст од 15 до 64 години.
-
Економија 23.11.2024 16:40
Се подготвува новогодишната потрошувачка кошничка
Наголемо се подготвува новогодишната потрошувачка кошничка и граѓаните треба да ја очекуваат наредниот месец. Консултирани се стопанските комори, синдикатите и Асоцијацијата на потрошувачи.
-
Македонија 23.11.2024 15:30
Приватните превозници ќе се вклучат во јавниот градски превоз со намален капацитет
Приватните превозници ќе се вклучат во јавниот градски превоз од понеделник, но не со полн капацитет. Нивни претставници изјавија дека во сообраќај ќе учествуваат само фирмите со финансиска можност.
-
Култура 23.11.2024 14:52
Се одбележуваат 80 години НУБ „Св. Климент Охридски“
Од пепелот на војната се роди Народната библиотека, денес НУБ „Свети Климент Охридски“. На почетоците скромно, со 150.000 книги и само 12 вработени, кои го чувале македонското национално богатство од окупации, земјотреси, поплави.










