Денеска е Светскиот ден за борба против дијабетот. Здруженијата бараат имплементација на декларацијата за дијабетес до 2030 година, донесена од СЗО и постигнување на глобалните цели за поквалитетна грижа на пациентите.
Вести
-
Македонија 14.11.2024 09:20
-
Свет 14.11.2024 09:09
Малага под црвен метеоаларм
Две недели по катастрофалните поплави кои ја зафатија Валенсија, Малага сега е под црвен метеоаларм. Евакуирани се три илјади жители.
-
Економија 14.11.2024 08:52
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“.
-
Македонија 14.11.2024 08:47
Министерот Муртезани оствари средба со директорката на CEF, Рапаншек
Министерот Орхан Муртезани вчера оствари средба со директорката на CEF (Center of Exellence) од Словенија, Јана Рапаншек. На средбата разговараа за важноста на јакнење на регионалната соработка и меѓусебна поврзаност со компатибилни регионални проекти.
-
Македонија 14.11.2024 08:36
Панел дебата „Регионална соработка и европска интеграција – Агендата на ЕУ за Западен Балкан“.
Во Тренинг центарот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип денеска ќе биде одржана панел-дискусија на тема „Регионална соработка и европска интеграција – Агендата на ЕУ за Западен Балкан“.
-
Македонија 14.11.2024 08:31
Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез.
-
Култура 14.11.2024 08:31
Министерот Љутков денеска ќе го посети Македонскиот народен театар
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе го посети Македонскиот народен театар каде ќе се запознае со состојбите и плановите на установата.
Според најавата на Министерството за култура, Љутков ќе присуствува и на проба на претставата „12“.
-
Свет 14.11.2024 08:28
Средбата Бајден-Трамп траела околу два часа
Околу два часа траеше средбата Бајден-Трамп во Белата Куќа. Разговарано било за прашања од внатрешната и надворешната политика. Бајден му нагласи на Трамп дека транзицијата ќе биде уредна и ќе има мирен трансфер на власта.
-
Свет 14.11.2024 08:27
Зеленски очекува поддршка од партнерите
Украинскиот претседател Зеленски по телефонскиот разговор со германскиот канцелар Шолц најави дека шестиот од планираните системи за воздушна одбрана ИРИС-Т од Германија ќе пристигне во земјата до крајот на годината. На фронтот продолжуваат жестоки битки.
-
Свет 14.11.2024 08:26
УНРВА бара докази од Израел за обвинувањата
Шефот на агенцијата на ООН за палестинските бегалци го обвинува Израел дека одбива да предаде докази за наводите дека вработени во УНРВА соработувале со Хамас.










