Нема ниту еден македонски Универзитет во првите 1.000 на рангирањето на најдобрите Универзитети во светот, попознато како „Шангајска листа“.
На врвот на листата се универзитетите Харвард, Стенфорд, МИТ, Кембриџ и Беркли.
Нема ниту еден македонски Универзитет во првите 1.000 на рангирањето на најдобрите Универзитети во светот, попознато како „Шангајска листа“.
На врвот на листата се универзитетите Харвард, Стенфорд, МИТ, Кембриџ и Беркли.
Управата за јавни приходи извести дека денес се генерираат налози за отпочнување на исплатата на парите од „Мој ДДВ“.
Општина Центар во рамки на проектот „Образование за сите“ и во учебната 2024/25 година ќе ангажира 25 лични асистенти за поддршка на учениците со посебни образовни потреби и индиректно на нивните семејства.
Без договор завршија вчерашните преговори во Каиро за прекин на војната во Газа, борбите продолжуваат. Хамас ги отфрли новите израелски услови. Клучна точка на несогласување е присуството на Израел во таканаречениот коридор Филаделфија, долж јужната граница на Газа и Египет.
Големи пожари го пустошат југоисточниот дел на Бразил. Владата на државата Сао Паоло прогласи вонредна состојба во 45 општини.
Најмалку 23 лица загинаа, а десетина возила се опожарени откако вооружени лица извршија напад врз возила на автопат во југозападен Пакистан.
Во текот на вчерашниот ден и денеска, полициски службеници од СВР Скопје преземаа засилени мерки и активности за безбеден град Скопје при што на повеќе од 20 локации беа легитимирани 85 лица, кај сите бил извршен и преглед.
Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун, надгледуваше демонстрација на нови беспилотни летала дизајнирани да напаѓаат цели и вети дека ќе поттикне развој на такво оружје за да ја зајакне воената готовност на неговата војска.
Денеска се одбележуваат 114 години од раѓањето на Мајка Тереза (вистинското име и е Агнеса Гонџа Бојаџиу). Таа е родена на 26-ти август 1910 година на тогашната улица „Поп Кочина“ број 14, која што се наоѓала на сегашниот плоштад Македонија.
Околу десетина дронови се уништени додека се приближувале до регионот околу Киев, соопшти шефот на воената администрација на украинската престолнина.