Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот на Прибеље, во Босна и Херцеговина, извести Републичкиот сеизмолошки завод на Србија.
Земјотресот бил почувствуван неколку минути пред полноќ.
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот на Прибеље, во Босна и Херцеговина, извести Републичкиот сеизмолошки завод на Србија.
Земјотресот бил почувствуван неколку минути пред полноќ.
Растат стравувањата од зголемување на тензиите на Блискиот Исток, откако Израел и Хезболах извршија меѓусебни гранатирања. Од Белата куќа велат дека САД и сојузниците работат на спречување на ескалација на регионален конфликт.
Со поетското читање „Мостови“ и врачување на наградитe, „Златен венец“, „Браќа Миладиновци”, „Мостови на Струга” и „Млада Струга“ свечено се затворија 63-тите „Струшки вечери на поезијата“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила во близина на Килкис (Кукуш) во северниот дел на Грција, при судир на два автомобила животот го загубил 55-годишен државјанин на Северна Македонија.
Македонија има голем број земјоделци кои обработуваат мали површини. Расцепканоста на парцелите е проблем за поголемо производство и помали трошоци.
Ситните стопанства мораат самите да се организираат и да работат со однапред договорено производство, советуваат експертите.
Во текот на вчерашниот ден имало вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои активни се два, под контрола се три, а изгаснати се 15, соопшти утрово ЦУК.
Денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во јужните делови.
По речиси два часа гаснење од страна на пожарникарите, локализиран е големиот пожар што попладнево избувна во фабриката за преработка на млеко во тетовско Камењане. Нема повредени, а според информациите од територијалната противпожарна единица во Тетово, пожарот бил пријавен во 18.20 часот.
Во периодот од 22.25 часот на 24.08.2024 до 01.30 часот на 25.08.2024, за време на одржување на забава на место викано „Бабуна“, велешко, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес ги лишиле од слобода Ј.А.(40) од Лозово, А.Т.(32) од Штип, Т.М.