Помина дождот, се врати топлото време, се вратија пожарите. Од Центарот за управување со кризи информираат дека повторно гори букова шума и сува трева на Галичица кај селата Стење и Лескоец во Општината Ресен. Во Општината Чашка, на планината Мукос гори шума.
Вести
-
Македонија 25.08.2024 13:45
-
Македонија 25.08.2024 13:32
Во септември тендер за изградба на регионалната депонија кај Свети Николе
Скоро секој ден Кочани е покриен со чад од депонијата. Локалната власт во обид да стави крај на овој еколошки проблем, најави дислокација на депонијата, но таа сè уште не е отпочната. Жителите на село Бели се незадоволни од инертноста на институциите.
-
Македонија 25.08.2024 12:55
По 30-тина случаи со Ковид-19 дневно пријавува Институтот за јавно здравје
Расте бројот на заразени со Ковид 19. Институтот за јавно здравје регистрира по 30–тина нови случаи дневно, но простор за паника нема тврдат од Комисијата за спречување на заразни болести.
-
Свет 25.08.2024 12:22
Гори на Блискиот Исток, властите во Тел Авив прогласија вонредна состојба
Нова ескалација на Блискиот Исток. Хезболах лансираше над 320 ракети и беспилотни летала врз северен Израел и Голанската Висорамнина како одмазда за атентатот на нивниот командант во Бејрут минатиот месец.
-
Свет 25.08.2024 11:34
Продолжува руско-украинскиот конфликт
Продолжуваат нападите и на руска и на украинска територија. Двете страни регистрираат цивилни жртви во регион Белгород и во Харков. Москва објави дека руската Авијација извршила напади врз вооружените сили на Украина во 15 населени места во регионот Суми.
-
Македонија 25.08.2024 11:11
Ратификувана Конвенцијата за договорите за избор на надлежен суд
Конвенцијата за договорите за избор на надлежен суд, усвоена во рамките на Хашката Конференција за меѓународно приватно право во Хаг, од 30 јуни 2005 година има за цел да ја осигура ефикасноста на спогодбите за избор на суд (познати и како „клаузули за избор на форум“ или „клаузули за јурисдикциј
-
Свет 25.08.2024 10:24
Израел изврши интензивни воздушни напади во јужен Либан
Израел изврши серија интензивни воздушни напади во јужен Либан во, како што велат од Армијата, превентивен напад против Хезболах. Десетици авиони на воздухопловни сили нападнале цели на милитантната група.
-
Македонија 25.08.2024 09:40
ЦУК: Активни два пожари, изгаснати 21
На територијата на Македонија вчера имаше 24 пожари на отворен простор, од кои активни се два. Изгаснати се 21, а под контрола е еден пожар, информираат од Центарот за управување со кризи.
-
Македонија 25.08.2024 09:20
Зголемена фреквенција на возила на „Табановце“
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
-
Свет 25.08.2024 09:10
26-годишен Сириец уапсен за нападот со нож во Солинген
Осомничениот за нападот со нож во западниот германски град Солинген, во кој загинаа три лица, а осум беа повредени, е 26-годишен Сириец и го признал делото, соопштија властите.










