Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од северен правец. УВ индексот ќе изнесува 7.
Вести
-
Македонија 25.08.2024 08:39
-
Македонија 24.08.2024 21:32
Портпаролот на „Вреди“ ќе ги замрзне политичките активности, откако Обвинителството поведе постапка против неговиот татко
Фари Хисени, портпарол на коалицијата „Вреди“ привремено ќе ги замрзне политичките активности, откако денеска Обвинителството поведе постапка против неговиот 58-годишен татко за други полови дејствија врз малолетник.
-
Македонија 24.08.2024 20:00
Јаневска во посета на ОУ „Љубен Лапе“ во Аеродром
Основното училиште „Љубен Лапе“ во Аеродром годинава е училиште со најмногу запишани првачиња на територијата на општината, 180 на број, и поради тоа локалната самоуправа и училишното раководство реализираат градежни активности за обезбедување на дополнителни училници.
-
Македонија 24.08.2024 19:08
Претседателот на Владата Мицкоски и заменик претседателот Николоски во посета на ЈП за државни патишта
За овие два месеци десеткратно е подобрена состојбата во ЈП за државни патишта. Тоа го покажуваат финансиските резултати.
-
Свет 24.08.2024 18:28
Најавени нови разговори за прекин на огнот во Газа
Израелската армија ги продолжува операциите низ Газа. Акции се спроведуваат и против Хезболах, откако од Либан кон територијата на Израел беа истрелани 100 ракети.
-
Свет 24.08.2024 17:50
Жртви и повредени во напад со нож во Солинген
Крвав напад за време на фестивал во градот Солинген, Западна Германија. Вооружен маж со нож, уби и рани посетители. Од повредените неколкумина се во критична состојба. По сослушувањето на сведоците, власта почна со апсења.
-
Свет 24.08.2024 17:26
Отворена истрага за потонатата јахта на Сицилија
Италијанското обвинителство отвори истрага за убиство од небрежност за смртта на британскиот технолошки магнат Мајк Линч и уште шестмина кои загинаа откако луксузна јахта потона кај Сицилија на 19-ти август. Петнаесетмина од вкупно 22 лица на бродот се спасија.
-
Македонија 24.08.2024 17:05
Престрелка во тетовско Гајре, полицијата ликвидираше осомничен за убиство
Наместо да се предаде, решил да пука кон полицијата. Осомничен за убиство застрелан во полициска акција во тетовско Гајре. Тој претходно избегал од психијатриската болница Бардовци и бил баран со потерница.
-
Македонија 24.08.2024 16:48
Жестока борба против криминалот и корупцијата, најавува премиерот Мицкоски
Има криминал од епски размери во државни институции, тврди премиерот Мицкоски. Го повика државниот обвинител да истражи како се трошеле народните пари, но и да постапи по кривичните пријави доставени до Обвинителството.
-
Македонија 24.08.2024 16:05
Охрид и на крајот на август полн со туристи
Привршува летната туристичката сезона, Охрид и овој викенд е полн со туристи. На крајот од август најбројни се странските гости од Турција, Холандија и Полска, но и голем број туристи од соседните земји, особено од Србија.










