Извршителите ги затворија канцелариите во знак на револт. Незадоволни се од новиот тарифник кој им го предложила министерката за правда Дескоска. Со него се предвидува максималната награда за извршителот да се намали од 1.000 на 300 евра.
Вести
-
Македонија 26.12.2019 13:07
-
Македонија 26.12.2019 13:01
Викендов лидерска средба за техничката влада
Викендов лидерите на најголемите политички партии ќе се договараат за техничката влада. В сабота во Владата ќе се сретнат Заев и Мицкоски, за попладнето се најавени и разговори меѓу Мицкоски и Ахмети.
-
Македонија 26.12.2019 12:45
Џафери: Додека не се формира техничка влада, изборите може да се одлагаат
Новата техничка влада треба да биде избрана најдоцна до 3-ти јануари на полноќ. Собранискиот спикер Џафери ги објаснува процедурите- шефот на Владата, Заев треба да си поднесе оставка, да биде избран нов технички премиер, министри и дополнителни заменици- министри.
-
Македонија 26.12.2019 12:34
Приведен разбојник во Неготино, парите вратени на сопствениците
Претпладнево околу 10.30 часот на ул.„Индустриска“ во Неготино, полициски службеници од Полициската станица Неготино го лишиле од слобода П.Ц.(24) од Неготино поради тоа што околу 08.00 часот со закана со остар предмет од вработени во казино во Неготино одзел пари и побегнал.
-
Свет 26.12.2019 12:20
Спасени 159 мигранти од Либија
Брод за спас на мигранти пристигна во Таранто откако италијанските власти му дадоа дозвола да префрли на копно 159 лица. Групата вклучува и 50 малолетници. Мигрантите кои патуваа од либиското крајбрежје беа спасени од два чамца пред четири дена.
-
Култура 26.12.2019 12:05
Новогодишен концерт со ансамблот „Јаношка“ в петок во Филхармонија
Ансамблот „Јаношка“ од Австрија ќе настапи со оркестарот на Филхармонија в петок во 20 часот на гала новогодишниот концерт „Слушни! Доаѓа Новата...“. Со оркестарот ќе диригира маестро Борјан Цанев.
-
Македонија 26.12.2019 11:39
Мапирани операторите и инсталациите што работат со опасни супстанции
По неодамнешните хаварии со опасни хемиски супстанци во Скопје се наметна потребата од поголема одговорност и на субјектите кои работата со опасни хемикалии , но и на градската управа.
-
Економија 26.12.2019 11:09
Заев најави јавен повик за ХЕЦ Чебрен
Премиерот Зоран Заев најави објава на повик за реализација на проектот за изградба на хидроелектраната Чебрен откако на следната седница на Владата в сабота ќе заврши административниот процес.
-
Македонија 26.12.2019 11:07
Неделно училиште во МПЦО „Света Троица“ во Келн
Во МПЦО „Света Троица“ во Келн, Германија се организира неделно училиште за деца. Во рамки на училиштето ќе функционира црковна работилница за деца и фолклорна секција.
-
Свет 26.12.2019 10:49
Иран: Блокиран пристапот до интернет
Владата во Техеран го блокираше пристапот до интернет во неколку региони ден откако на социјалните мрежи беше објавен повик за нови протести.





