Со вкупно 150 поени од публиката и од жирито, Мила Москов со песната „Fire“ го освои шестото место на Детскиот избор за песна на Евровизија 2019. Македонија по 15. пат се претстави на овој музички настан, а ова е најдобриот пласман за нашата земја.
Вести
-
Култура 25.11.2019 10:53
-
Македонија 25.11.2019 10:42
Земјоделски задруги ќе добијат договори за ЕУ грантови
Девет веќе постоечки и осум новоформирани земјоделски задруги од различни региони на земјава денеска ќе ги добијат договорите за финансиска поддршка од ЕУ.
-
Македонија 25.11.2019 10:37
Почнува расправата за предлог- буџетот за 2020-та
Почнува расправата за предлог- буџетот за наредната година во матичната собраниска комисија. Владата предлага рекорден буџет од 3 милијарди и 615 милиони евра, при проектиран раст на БДП-то од 3,8 насто.
-
Свет 25.11.2019 10:31
Романија: Јоханис победник на претседателските избори
Клаус Јоханис е реизбран за претседател на Романија, откако оствари убедлива победа во вториот изборен круг против лидерката на Социјалдемократската партија, Вјорика Данчила.
Од преброени речиси 88 насто од гласовите, Јоханис освои 63,2 проценти, а досегашната премиерка Данчила 36,8.
-
Економија 25.11.2019 10:29
Тутунарите очекуваат повисоки откупни цени
Тутунот и годинава ќе го откупуваат девет компании и сите имаат обезбедени пари за исплата.
Крајниот рок за отворање на пријавените 210 откупни пунктови според законот е 15 декември, а откупот треба да заврши на 28 февруари.
-
Македонија 25.11.2019 09:29
„За децата, од децата“
По повод 30 годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на децата на ОН, Владата на Република Северна Македонија во организација со Младински образовен форум, УНИЦЕФ и ЕУ ја спроведоа активноста "Kids Takeover" каде што им се овозможи на децата директно да ги посочат п
-
Култура 24.11.2019 11:43
Мила Москов на Јуниорскиот Евросонг 2019
За време на пробите на 17-то издание на Јуниорскиот Евросонг, Мила ги крена на нозе сите присутни во Арената Гливице во Полска!
-
Македонија 22.11.2019 15:51
Власта и опозицијата во клинч
Власта и опозицијата во клинч- кој шири лажни вести, а кој зборува вистина? За опозициската ВМРО- ДПМНЕ власта шири лаги соочени со поразот на предстојните избори поради слабите политики. Лидерот на ВМРО- ДПМНЕ од Лајпциг порача дека завидливоста на Заев доаѓа до полн израз.
-
Македонија 22.11.2019 15:50
Рускоска со писмено образложение за СМС пораката
Обвинителката Вилма Рускоска испрати писмено образложение до државниот обвинител Љубомир Јовески и до Советот на јавни обвинители за СМС -пораката за случајот со Катица Јанева. Советот на јавни обвинители- на колегиум.
-
Македонија 22.11.2019 15:31
Се бара термин повеќе за вакцинација против грип
Почна бесплатната вакцинација против сезонскиот грип. Вакцините се наменети за лица над 65 години, лица со хронични заболувања, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, бремени жени и здравствени работници. Закажувањето за вакцинација се одвива на електронскиот систем „Мој термин“.






