Вечер ВМРО-ДПМНЕ на нов протест. Од опозициската партија најавуваат дека од 19 часот ќе маршираат од плоштад ВМРО до Владата на Република Македонија.
Вести
-
Македонија 20.12.2018 11:16
-
Македонија 20.12.2018 11:15
Уставниот закон за спроведување на амандманите на дневен ред во матичната комисија
Уставниот закон за спроведување на амандманите за измени на Уставот, согласно Договорот од Преспа, денеска е на дневен ред на седницата на собраниската Комисија за уставни прашања, која вчера ги изгласа сите четири предлог- амандмани за уставни измени.
-
Свет 20.12.2018 11:07
Почна повлекувањето на американските трупи од Сирија
Белата куќа соопшти дека САД почнале со повлекување на трупите од Сирија. Претседателот Доналд Трамп во видео обраќање ја образложи одлуката изјавувајќи дека Америка ја поразила тамошната терористичка група- Исламска држава.
-
Економија 20.12.2018 11:02
Нови предлози за субвенционирање
Дел од новините кои се предложени од Министерството за земјоделство се однесуваат на издвојување на оризот од досегашаната категорија на растително производство како посебна култура.
-
Свет 20.12.2018 10:49
Годишна прес- конференција на Путин
Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе ја одржи својата традиционална годишна прес- конференција на која ќе одговара на прашања од различни теми.
За настанот се акредитирани повеќе од 1.700 новинари од речиси сите руски региони, како и од Азија, Европа и Америка.
-
Култура 19.12.2018 16:32
Промовирани три изданија посветени на Блаже Конески
Целокупниот опус на академик Блаже Конески опфаќа речиси 750 дела. Придонесот на Конески во втемелувањето и развојот на македонскиот литературен јазик е огромен. Тој го составил најголемиот дел од првиот македонски правопис.
-
Македонија 19.12.2018 16:16
Лидерите од Западен Балкан на состанок со шефицата на европската дипломатија Могерини
Пред крајот на годината, Брисел ги собра лидерите од Западен Балкан. На маса, постигнувањата на секоја од земјите- аспиранти за членство во ЕУ, плановите за идната година, актуелната ситуација во регионот по затегнувањето на односите меѓу Белград и Приштина.
-
Македонија 19.12.2018 16:02
Продолжува комисиската расправа за предлог-амандманите на Уставот
Албанскиот блок партии од опозицијата негодуваат на уставните измени во делот на државјанството каде што пишува Македонско- Граѓанин на Северна Македонија. Сметаат дека на овој начин власта прави моноетничка држава, а корекциите во Уставот се само козметика.
-
Свет 19.12.2018 15:14
„Исламска држава“ убила 700 затвореници во источна Сирија
„Исламска држава“ во изминатите два месеци егзекутирала околу 700 затвореници во источна Сирија, што биле дел од околу 1.300 цивили и борци, уапсени на територија која се наоѓа во близина на границата со Ирак.
-
Економија 19.12.2018 15:11
Државните хартии од вредност од 2019-та ќе котираат на берзата
На Македонската берза од јануари следната година почнува котацијата на државните хартии од вредност. Ќе станат достапни за домашните инвеститори, преку заедничката регионална платформа, и до странските.








