Ќе обезбедиме мирен амбиент за спроведување на референдумот, ослободен од секаков вид закани и говор на омраза што би можеле да имаат последица врз правото и слободната волја на секој граѓанин, уверува министерот за внатрешни работи, Спасовски.
Вести
-
Македонија 05.09.2018 15:53
-
Македонија 05.09.2018 15:52
Шекеринска: Македонија ќе стане 30-та членка на НАТО, продолжуваме со реформите
Македонија продолжува со реформите во одбраната како сериозен партнер на НАТО во мировните операции.
-
Македонија 05.09.2018 15:51
Потпишана спогодба за повисоки плати во здравството
Повисоки плати за сите здравствени работници. Покачувањето од пет проценти, во зависност од позицијата се движи од 1.500 до 4.548 денари. Ќе почне да се применува со исплата на септемвриската плата.
-
Свет 05.09.2018 15:50
Примирје во Триполи
Ривалските банди коишто се бореа во либиската престолнина Триполи договорија прекин на огнот. Спогодбата овозможува поширока рамка за разговорите коишто треба да ги разрешат проблемите меѓу противничките страни.
-
Свет 05.09.2018 15:49
Каталонија: Тора повторно ја почна кампањата за референдум
Каталонскиот лидер Ким Тора повторно ја почна кампањата за отцепување на Каталонија од Шпанија, истовремено отфрлајќи ја понудата на шпанската влада за референдум за поголема автономија.
-
Македонија 05.09.2018 15:48
Три лица осомничени за тројното убиство на семејство во Дебар
Основното јавно обвинителство од Гостивар нареди спроведување истражна постапка за тројното убиство. Со неа се опфатени тројца, меѓу кои е и 28-годишната ќерка на убиените од семејството Поцеста во Дебар. Таа е првоосомничена за кривичното дело „убиство“.
-
Македонија 05.09.2018 15:48
Оризот добро напредува
Оризопроизводителите годинава очекуваат добри приноси. Поволните временски услови и доволните количества на вода во хидросистемот „Брегалница“ ќе овозможат жетва на скоро 4.300 хектари од оваа култура.
-
Македонија 05.09.2018 15:47
Дипломатска офанзива пред референдумот
Зајакната дипломатска активност на македонската Влада во следниве три дена. Високи политички личности ќе допатуваат во земјава, пред сѐ за да ја искажат поддршката за предстојниот референдум.
-
Македонија 30.07.2018 18:29
Консултативен референдум на 30-ти септември
Со 68 гласа „за“, без ниеден против и воздржан пратениците ја донесоа одлуката за распишување на референдум кој ќе биде од консултативен карактер.
-
Економија 30.07.2018 16:18
Пониски сметки за парно од 1-ви август
Поевтинува парното греење. Од први август за потрошувачите на БЕГ пониски сметки за 3,1 насто, за корисниците на услугите на Скопје- Север за потрошена топлинска енергија намалување за 0,76 насто, а за оние на ЕЛЕМ Енергетика за 1,13 проценти.










