Вести

  • Македонија 31.05.2018 13:03

    НАТО ќе гарантира раст на економијата

    Членството во НАТО ќе гарантира раст на економијата и привлекување на повеќе странски инвестиции, смета професорот Никола Дујовски кој очекува нашата земја на 12-ти јули да добие покана од Алијансата.

  • Македонија 31.05.2018 12:57

    Заев: Не смееме да бидеме песимисти за датум за преговори

    Дали имаме гаранција за датум за преговори- јас верувам дека со решение за името, шансите се огромни да добиеме датум за преговори со ЕУ, а шансите се помали доколку проблемот со името не е решен- одговори премиерот Заев на пратеничко прашање oд опозицијата.

  • Свет 31.05.2018 12:43

    Младенов: Појасот Газа на раб на војна

    Координаторот на организацијата на Обединети нации за Блискиот исток, Николај Младенов тврди дека Појасот Газа е пред војна поради насилството меѓу Израел и палестинското движење Хамас.

  • Свет 31.05.2018 12:32

    Подготвителни средби за сингапурскиот самит

    Севернокорејскиот генерал Ким Јонг- чол во Њујорк на средба со американскиот шеф на дипломатијата Мајк Помпео во рамките на подготовките за историскиот самит на претседателот Доналд Трамп и лидерот Ким Јонг- ун во Сингапур.

  • Македонија 31.05.2018 12:18

    Денеска средба Иванов- Димитров

    Претседателот Ѓорге Иванов денеска треба да се сретне со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, кој што треба да го брифира шефот на државата за тековните разговори за името.

    Претседателот Иванов вчера соопшти дека не прифаќа решение за името за севкупна употреба.

  • Свет 31.05.2018 12:01

    Тачи тврди дека Приштина е подготвена за дијалог и компромис

    За косовскиот претседател Хашим Тачи, за успешен дијалог со Белград се потребни ангажман од Брисел и од Вашингтон.

  • Култура 31.05.2018 11:54

    „Аида“ ги затвора 46. Мајски оперски вечери

    Со операта „Аида“ на Џузепе Верди вечер ќе завршат 46. Мајски оперски вечери. Во насловната улога на операта, со која традиционално се затвора фестивалот, годинава ќе настапи сопранистката Ана Лукреција Гарсија од Венецуела.

  • Свет 31.05.2018 11:42

    САД ќе воведат царини за увоз од ЕУ

    Според весникот „Волстрит џурнал“, САД наскоро ќе воведат царини за челик и алуминиум од ЕУ.

  • Свет 31.05.2018 11:28

    Појасот Газа е на работ на војна

    Координаторот на Организацијата на Обединети Нации за Блискиот Исток, Николај Младенов тврди дека Појасот Газа е пред војна поради насилството меѓу Израел и палестинското движење Хамас.

  • Македонија 31.05.2018 11:26

    Граничните премини кон Грција се отворени

    Во Грција од утрово е прекинат 24-часовниот штрајк организиран поради најавените нови мерки за штедење. Трите гранични премини кон Грција, кои беа блокирани поради штрајкот, повторно се отворени и проодни за возила.

Pages