Стотина луѓе настрадале, а над 140 биле повредени во жестоките песочни бури што ги погодија северните индиски држави Раџастан и Утар Прадеш.
Бурите предизвикале и прекин во снабдувањето со електрична енергија, а уништиле и повеќе куќи и добиток.
Стотина луѓе настрадале, а над 140 биле повредени во жестоките песочни бури што ги погодија северните индиски држави Раџастан и Утар Прадеш.
Бурите предизвикале и прекин во снабдувањето со електрична енергија, а уништиле и повеќе куќи и добиток.
Договор е постигнат, штрајкот е прекинат, вработените во „Еурокомпозит“ се враќаат на работните места и до понеделник ќе чекаат плата. Ова е епилогот од преговорите на синдикатот на прилепската наменска фабрика со премиерот Зоран Заев.
Турската владејачка партија „Правда и развој“ формално го номинираше претседателот Реџеп Тајип Ердоган за претседателски кандидат на претстојните општи избори во Турција, планирани за 24 јуни.
Охридското Езеро и Студенчишкото блато како негов интегрален дел се скапоцен камен кој што мора на вистински начин да се вреднува и заштитува.
Утре претпладне во Македонија ќе преовладува сончево време, а попладне ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи.
Ќе дува и умерен повремено засилен југоисточен ветер. Во Скопје температурата ќе достигне до 28, а максималната дневна до 29 степени.
Во Солун, нова средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Димитров и Коѕијас. Двајцата министри ќе учествуваат на четирипартитниот состанок, на кој ќе бидат и нивните колеги од Бугарија и од Албанија.
Постигнат договор меѓу Владата и вработените од „Еурокомпозит“. Штрајкот прекинат. Од понеделник, на сите вработени ќе им се исплати платата, информира владиниот портпарол Бошњаковски.
Новиот американски државен секретар Мајк Помпео вети беусловно затворање на севернокорејската нуклеарна програма. На церемонијата на преземањето на функцијата, некогашниот шеф на ЦИА оцени дека САД имаат одлична шанса да го сменат текот на историјата.
Руски воен авион СУ-30 се урна над Средоземното Море при што загинале двајца пилоти. Леталото се урнало по полетување од аеродром во базата Хмејмим во Сирија.
По скандалот во Катлановска бања, министерот Филипче најави контроли во сите бањи. Ќе се испитува како соработувал Фондот и и давал пари на оваа здравствена установа иако немала дозвола за вршење здравствена дејност што ја издава ресорното министерство.