Претседателот на Собранието, Талат Џафери сѐ уште не го испратил Законот за употреба на јазиците во „Службен весник“. Засега не открива кога тоа ќе го направи, бидејќи вели, нема временска рамка.
Вести
-
Македонија 03.05.2018 12:26
-
Македонија 03.05.2018 12:22
Гинекологија Чаир доби нова опрема
ЦТГ апарати за следење на срцевата активност на плодот, ехо апарати со кои се опремени сите амбуланти како и апарат за скрининг на слухот кај новороденчињата- донирана е нова опрема преку проектот ХОПЕ во болницата за гинекологија и акушерство во Чаир.
-
Македонија 03.05.2018 12:14
Запленети над 130 килограми марихуана на ГП Богородица
Над 130 килограми марихуана се откриени вчера на граничниот премин Богородица во камион со албански регистраски таблички. Возачот, 37-годишен албански државјанин е приведен.
-
Економија 03.05.2018 11:18
Вработените во „Еурокомпозит“ не се откажуваат од барањата
Во Прилеп низ улиците и пред локалната самоуправа, во Скопје пред Владата. Вработените во „Еурокомпозит“ со активирање на штрајкот не се откажуваат од своите барања.
-
Свет 03.05.2018 10:45
Обвинители и судии на мексиканската граница
Белата куќа прати 35 обвинители и 18 судии за имиграциски дела на границата со Мексико поради бранот нелегални имигранти кои се обидуваат да влезат на територија на САД.
-
Култура 03.05.2018 10:42
Почнува 30. Саем на книгата
Најновите изданија од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручни и научни книги, белетристика, енциклопедии, книги за деца и млади. 30- то јубилејно издание на Саемот на книгата ќе ги обедини издавачите од Македонија и од регионот.
-
Македонија 03.05.2018 10:38
УХМР: Променливо облачно со повремен дожд
Облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, најавува за денеска Управата за хидрометеоролошки работи. Поинтензивни врнежи ќе има во западна Македонија, а ќе дува засилен југоисточен ветер, кој на моменти ќе достигнува брзина до 70 километри на час.
-
Македонија 03.05.2018 10:34
Манчевски: Улогата на медиумите е да ги мотивираат граѓаните да бидат коректив на власта
Денеска во светот се одбележува Меѓународниот ден на слободата на медиумите. Во последниот извештај на Европската комисија и на другите меѓународни организации е констатиран напредок во однос на условите во кои работат новинарите во Македонија, но и дека останува уште многу да се направи.
-
Македонија 03.05.2018 10:31
Извештајот на СЈО пред пратениците
По неколку одложувања, пред членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, извештајот на Специјалното јавно обвинителство за периодот од 15- ти септември 2017-та до 15-ти март 2018-та година.
-
Македонија 03.05.2018 10:29
Пченицата добро се развива
Поволните временски услови минатава есен и пролет со доволно влага и врнежи, ветуваат високи приноси кај пченицата. Производителите очекуваат над просечен род во однос на претходните години, особено на површините кај кои се употребени агротехничките мерки.









