Македонскиот претседател Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието, Талат Џафери и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Никола Груевски и Али Ахмети синоќа одржаа средба во Кабинетот на шефот на државата на која беа разменети мислења за актуелните случувања во Македонија.
Вести
-
Македонија 01.12.2017 09:14
-
Македонија 01.12.2017 09:04
Собранието ќе расправа за одеземање на имунитетот на шест пратеници
Собранието на Република Македонија денеска ќе расправа за одземање на имунитетот на шестмината пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ поради притвор за настаните од 27-ми април во Парламентот. За симнување на имунитетот потребно е просто мнозинство односно 61 глас.
-
Економија 30.11.2017 16:35
Странските компании тврдат- домашните фирми инертни за соработка
Само еден процент од странските компании што користат државна помош соработуваат со домашни фирми.
-
Свет 30.11.2017 16:07
Русија: Не ги прекинуваме врските со Северна Кореја
Русија го отфрли барањето на Вашингтон за прекин на трговските и дипломатските врски со Северна Кореја и ги обвини САД дека го провоцираат режимот во Пјонгјанг.
-
Македонија 30.11.2017 15:57
Продолжува судењето за случајот „Труст“
Управителот на Силекс Неметали, кого судот го сослуша како сведок, рече дека тој му ја дал спорната документација на обвинетиот Василие Авировиќ за да учествува, а подоцна и да го добие тендерот на ЕЛЕМ.
-
Македонија 30.11.2017 15:48
Полицијата сè уште трага по 10 лица за упадот во Собранието
Полицијата сè уште трага по десетина кои треба да бидат изведени пред кривичниот суд во рамките на истрагата на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за настаните во Собранието што се случија на 27-ми април, изјави Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
-
Економија 30.11.2017 15:40
Готов е проектот за пругата Кичево- Лин
Готова е проектната и тендерската документација за изградба на пругата Кичево- Лин за која се потрошија 7,7 милиони евра. Евроамбасадорот Семуел Жбогер рече дека ЕУ дава значење на овој проект со кој ќе се доградат деловите што недостасуваат за трансевропската транспортна мрежа.
-
Македонија 30.11.2017 15:15
Случај „Насилство во Центар“: Шест месеци условна казна за Ристовски
Поранешниот советник на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар, Јордан Ристовски, кој вчера призна вина како обвинет во случајот „Насилството во Центар“ денеска е осуден на шестмесечна условна казна.
Ристевски вчера на рочиштето во Кривичниот суд самоиницијативно призна вина.
-
Свет 30.11.2017 15:10
САД: Намален бројот на луѓе од други земји
Бројот на луѓе кои влегуваат во САД од други земји е намален за 4% во првата половина на годината. Од Европа дошле 2,6% помалку луѓе, а најголем пад е регистриран од Блискиот исток и од Африка.
-
Македонија 30.11.2017 15:01
Метео: Облачно, на повќе места обилни врнежи од дожд
Утре во Македонија ќе преовладува облачно време, на повеќе места со обилни врнежи од дожд особено во источните и западните делови.
Ќе дува слаб ветер од северен, а во јужните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец.










