Авганистанската полиција соопшти дека во текот на минатата ноќ талибанските борци нападнале петнаесетина нејзини контролни пунктови во покраината Кандахар, при што биле убиени 22 полицајци.
Вести
-
Свет 14.11.2017 15:34
-
Култура 14.11.2017 15:24
Тозија: Немаме никаков продукт од серијата „Македонија“, не се знае каде се парите
Досега не сме добиле никаков снимен материјал од серијата „Македонија“ иако средствата се исплатени, а рокот е изминат- тврди првиот човек на Агенцијата за филм, Горјан Тозија. Владата донесе одлука да ја прекине натамошната исплата и да се бараат назад доделените речиси 1,2 милиона евра.
-
Македонија 14.11.2017 15:12
Метео: Облачно време со врнежи од дожд
Утре во Македонија ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд, на повеќе места обилни (над 40 литри на метар квадратен).
Локално во јужните делови се очекува појава на пороен дожд со грмежи. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.
-
Македонија 14.11.2017 15:11
Повредените ученици пуштени дома, возачот задржан на лекување
Изутрината на патот Демир Хисар-Кичево во сообраќајка се повредени 30 основци од училиштето „Гоце Делчев“ од Демир Хисар. Автобусот со кој се превезувале учениците се судрил со комбе. Тешко е повреден и возачот на автобусот. Поголем дел од повредените ученици се пуштени на домашно лекување.
-
Македонија 14.11.2017 15:00
Заев- Пахор: Македонија и Словенија се пример за пријателски земји
Република Словенија останува силен поддржувач на Република Македонија и внимателно ја следи и ја одобрува добрососедската и регионалната политика на Република Македонија како еден од условите за членството во ЕУ и НАТО.
-
Македонија 14.11.2017 14:36
Сеад Кочан се изјасни за невин, судењето продолжува на 21-ви ноември
Бизнисменот Сеад Кочан и неговите двајца соработници не се чувствуваат виновни за тврдењето дека формирале конзоруциум, а потоа со лажни документи добиле тендер на ЕЛЕМ. Нивните бранители велат - немало повреди за Законот за јавните набавки.
-
Економија 14.11.2017 14:27
12,3 милиони евра за активни мерки и програми за вработување
Средствата за активни мерки и програми за вработување во ресорот за труд и социјална политика за наредната година ќе изнесуваат 12,3 милиони евра.
-
Македонија 14.11.2017 13:40
ВМРО-ДПМНЕ: Владата доживува фијаско со странските инвестиции
Очигледно срамот е непозната категорија за Зоран Заев, бидејќи да ја познаваше, пред странските инвеститори немаше да го нуди истото она за што толку многу ја напаѓаше Владата на ВМРО-ДПМНЕ: субвенциите за гринфилд и браунфилд инвестиции.
-
Свет 14.11.2017 13:37
Мадрид ја обвинува Москва за вмешаност во каталонскиот референдум, Кремљ остро демантира
Официјален Мадрид тврди дека одредени групи од Русија ги искористиле социјалните мрежи за организирање на каталонскиот референдум за независност со цел да ги дестабилизираат Шпанија и Европската унија. Откриена е серија од лажни профили, од кои 50% биле од Русија, а 30% од Венецуела.
-
Македонија 14.11.2017 13:19
Хан следната недела во Скопје
Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан наредната недела доаѓа во Македонија. Посетата ја најави на Твитер по средбите во Брисел со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи и со шефот на дипломатијата Никола Димитров.









