Вести

  • Свет 13.11.2017 13:24

    ЕУ ја формира заедничката одбрана

    Шест децении по основањето, Европската унија се одважи да ја формира заедничката одбрана. ПЕСКО или Постојана обликувана соработка е одбранбена компонента со која ќе командува Европскиот совет.

  • Македонија 13.11.2017 13:18

    Нема приговори за прегласувањето во Чаир

    По прегласувањето на вториот круг на едно избирачко место за градоначалник на Општина Чаир, како што информираа од Државната изборна комисија за МТВ, сѐ уште нема поднесено приговор од политичките партии за постапката за гласање и за утврдување и сумирање на резултатите.

  • Македонија 13.11.2017 13:13

    Судењето за убиството на Алиу во завршна фаза

    Судењето за убиството на четири годишниот Алмир Алиу влегува во завршна фаза. В среда одбраната и обвинителството во Судот во Куманово ќе го имаат завршниот збор.

  • Економија 13.11.2017 13:11

    ММФ: Македонија годинава со раст од 1,9 отсто- догодина 3,2 проценти

    Меѓународниот монетарен фонд ја ревидираше прогнозата за Македонија. Проекциите се дека годинава наместо 3,2 насто, ќе имаме економски раст од 1,9 проценти. За следната година, пак, монетарците предвидуваат позитива од 3,2, а во 2019-та од 3,4 проценти.

  • Економија 13.11.2017 13:07

    Поскапуваат бензините и дизелот

    Горивата поскапуваат од полноќ. Цената на бензинот од 95 октани ќе биде повисока за 2,5 денари за литар и ќе изнесува 66,5 денари. За три денари поскапува бензинот од 98 октани, па новата цена е 68,5 денари. За два денара нагоре и цената на дизелот, на 54 денари за литар.

  • Македонија 13.11.2017 13:04

    Тимоние: Согласност од сите партии за средба во Париз

    Евентуалната средба на македонските политички партии во вилата на „Жан Моне“ во Париз треба да биде резултат на нивната подготвеност сите да присуствуваат и да работат заедно за да го изодат патот кон Европската унија.

  • Македонија 13.11.2017 12:50

    Средба Димитров- Коѕијас во Брисел

    Шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Димитров и Коѕијас денеска ќе имаат билатерална средба на маргините од состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ во Брисел.

  • Македонија 13.11.2017 12:48

    Секое трето дете во Македонија со прекумерна тежина

    Секое трето дете во Македонија има прекумерна тежина, а дури 14 проценти од 11- годишните момчиња се дебели, а европскиот просек е четири проценти, покажуваат податоците на УНИЦЕФ. Причините за ваквата состојба се многубројни.

  • Свет 13.11.2017 12:36

    Расте бројот на жртви во земјотресот во Иран и Ирак

    Над 300 жртви и илјадници повредени во земјотресот од 7,3 рихтери на границата меѓу Иран и Ирак. Засолниште побарале околу 70 илјади луѓе. Укажувањето на лекарска помош е отежнато бидејќи се урнати неколку болници.

  • Свет 13.11.2017 11:21

    Анкара купува руски антиракетен систем

    „Одлуката на Турција да купи софистициран противракетен систем од Русија не е никаква политичка порака“, изјави претставник од турската власт, еден ден откако Анкара ја најави финалната фаза од договорот кој може да влијае врз односот со НАТО.

Pages