САД побараа од Меѓународната агенција за атомска енергија да ги засили инспекциите во Иран, за да се утврди дали Исламската република го спроведува договорот потпишан во 2015-та година за суспензија на својата нуклеарна програма.
Вести
-
Свет 29.09.2017 11:39
-
Свет 29.09.2017 10:59
Мексико: Билансот на жртвите од земјотресот достигна 344 лица
Во силниот земјотрес што на 19-ти септември го погоди Мексико, загинале најмалку 344 лица.
Спасувачките екипи сѐ уште се на терен и ги пребаруваат урнатините.
Претседателот Енрике Пења Нието соопшти дека штетите од земјотресот може да достигнат до две милијарди долари.
-
Македонија 29.09.2017 10:57
УХМР: Нов влажен бран од средината на наредната недела
Продолжува облачното и свежо време. Денеска на западот и југот повремен локален дожд, а во североисточните делови ќе има сончеви периоди.
-
Економија 29.09.2017 10:52
„Мепсо“ и „Сименс и Сискон“ ќе потпишат договор за ревитализација на ТС „Дуброво“
Државната енергетска компанија „Мепсо“ и конзорциумот „Сименс и Сискон“ ќе потпишат договор за ревитализација на големата трансформаторска станица „Дуброво“, проект што чини 4,7 милиони евра.
-
Македонија 29.09.2017 10:48
ДИК донесе упатства за гласање на слепи и лица со оштетен вид
Државната изборна комисија на јавна седница донесе неколку упатства за гласање на слепи лица и лица со оштетен вид, преку шаблон со Брајова азбука.
-
Македонија 29.09.2017 10:36
Возач и сопатничка тешко повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар
Возач на автомобил и неговата сопатничка утрово се пренесени на скопските клиники со тешки телесни повреди, откако излетале од коловозот на автопатот Тетово-Гостивар, информира СВР Тетово.
-
Македонија 29.09.2017 10:31
Повредениот во вооружениот инцидент во Кичево во критична состојба
Повредениот во вооружениот инцидент во Кичево, носителот на независната листа на советници во овој град, Алит Абази, е опериран. Има сериозни повреди и се држи во вештачка кома.
Во завчерашниот напад, со повреди се здобија и шефот на неговиот изборен штаб и случаен минувач.
-
Свет 29.09.2017 10:27
Ал Шабаб нападна сомалиска воена база
Исламистичката група Ал Шабаб изутрината нападна воена база во близина на главниот сомалиски град Могадишу.
Напаѓачите убиле 17 војници и ја презеле контролата врз базата во близина на соседното село.
-
Економија 29.09.2017 10:25
Колку чини една краварска фарма?
Изградаба и опрема на фарма за 30 молзни крави во моментов чини скоро 150.000 евра.
Со производство на млеко, телиња, арско ѓубре и добиените субвенции, математиката вели дека инвестицијата може да се врати за пет години.
-
Македонија 29.09.2017 10:02
Обвинение против дедото на Тамара за обидот за убиство на Тодоров
Јавното обвинителство соопшти дека е поднесено обвинение против дедото на малата Тамара, кој на први јуни пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.
Се товари за две кривични дела- обид за убиство и недозволиво изработување, држење и тргување со оружје.










