Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го обвини министерот Таравари за руинирање на здравствениот систем. Според партијата, тој се обидува да ги прикрие причините за загубените човечки животи во болниците низ земјава.
Вести
-
Македонија 30.08.2017 13:47
-
Македонија 30.08.2017 13:30
СДСМ бара поддршка за законските измени
Со продолжувањето на рокот за легализација на дивоградбите до крајот на идната година им се излегува пресрет на илјадници граѓани кои не можеа навреме да аплицираат – оценка на владејачката СДСМ. Побараа поддршка од пратеничките групи за законските измени.
-
Свет 30.08.2017 13:16
Ураганот Харви се врати во Луизијана
Луизијана повторно на удар на ураганот Харви. Жителите на Њу Орлеанс кои ја одбележуваат 12– годишнината од разорната Катрина се подготвуваат за тропската бура којашто, според прогнозите, ќе се интензивира во наредните денови.
-
Македонија 30.08.2017 13:02
Ќе се модернизираат инспекциските служби
Ќе се модернизираат инспекциските служби со цел тие да станат поефикасни. Проектот на УСАИД и Министерството за информатичко оптество има за цел да се утврди точниот број на инспекторите и дали има преклопување на надлежностите.
-
Македонија 30.08.2017 12:51
Димитров: Членството во НАТО не зависи само од Македонија, туку и од Грција
Сакаме да бидеме 30-та членка на НАТО, но членството во Алијансата не зависи само од Македонија, изјави шефот на дипломатијата Димитров. Македонија активно придонесува за регионалната стабилност. Во МНР денеска се одржа конференција на тема „Македонија кон целосно членство во НАТО“.
-
Економија 30.08.2017 12:28
Владата ги декласифицира договорите за државна помош со странските инвеститори
Владата донесе одлука за декласифицирање на договорите со странските инвеститори за доделување државна помош. За седум дена Генералниот секретаријат треба да изготви листа на државните институции кои склучувале вакви договори.
-
Свет 30.08.2017 11:31
Пјонгјанг ја потврди пробата, ООН со осуда
Официјален Пјонгјанг го потврди тестирањето на балистичката ракета „Хвасонг-12“ со среден дострел и најави нови лансирања на проектили кон Тихиот Океан.
-
Економија 30.08.2017 11:29
Новиот тарифник со дневна евтина струја треба да биде објавен во Службен весник
Во Службен весник треба да биде објавен изменетиот тарифен систем за продажба на електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи, што минатата недела го достави Регулаторната комисија за енергетика.
-
Свет 30.08.2017 10:42
Иран не дозволува контрола на воените локации
Иран не дозволува контрола на инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија на нивните воени локации. Претседателот Рохани го одби предлогот на САД, потенцирајќи дека односите со агенцијата се дефинирани исклучиво со правила.
-
Македонија 30.08.2017 10:27
Времен прекин на сообраќајот од Рајчица до Дебар поради асфалтирање
Сообраќајот на патот Маврово - Дебар, на потегот од село Рајчица до Дебар денеска од 13 до 17 часот ќе биде во прекин поради асфалтирање, соопшти АМСМ.










