Владата на Република Македонија денеска напладне ќе ја одржи 12. седница на која ќе расправа за состојбите и напредокот во процесот на европската интеграција на државата.
Вести
-
Македонија 04.07.2017 12:06
-
Македонија 04.07.2017 11:11
Нов земјотрес од 3,5 степени по Рихтер во Охридско
Земјотрес со магнитуда од 3,5 степени според Рихтеровата скала повторно е регистриран претпладнево во 10 часот и 27 минути во охридското епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје.
-
Свет 04.07.2017 10:47
Макрон ја укинува вонредната состојба
Францускиот претседател Емануел Макрон ќе ја укине вонредната состојба којашто беше воведена по нападите во Париз во 2015 година во кои загинаа 130 луѓе.
-
Македонија 04.07.2017 10:43
Нема притвор и за обвинетите во случајот „Титаник“
Одбиено е барањето на Специјалното обвинителство за притвор за обвинетите во предметот „Титаник“, соопшти вчера попладне Кривичниот суд во Скопје. Определени се мерки за претпазливост.
-
Македонија 04.07.2017 10:36
Утре второ пријавување во средните училишта- слободни 24.529 места
Во јавните средни училишта во Македонија утре ќе се спроведе второто пријавување во јунскиот рок за упис во прва година во учебната 2017/2018 година, а резултатите за запишани ученици ќе бидат објавени следниот ден, 6 јули.
-
Македонија 04.07.2017 10:31
Гаревски: Не би требало да се очекува посилен удар
Охридскиот земјотрес од пет степени според Рихтер, наликува на главен удар по серијата помали потреси во овој регион- вели директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија.
-
Свет 04.07.2017 10:19
Северна Кореја истрела проектил кон Јапонија
Северна Кореја истрела балистичка ракета кон Јапонија. Летањето траело 40 минути и крајната цел можела да биде и ексклузивната економска зона во Јапонија, но ракетата паднала в море.
-
Економија 04.07.2017 10:14
Мал род на јачменот
Годинава житата ги снајде голема непогода, некои ќе нема ни зрно да собере, се жалат земјоделците опишувајќи ја состојбата на нивите и посевите.
-
Македонија 04.07.2017 08:56
Седници на неколку собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт, за политички систем и односи меѓу заедниците, за прашања на изборите и именувањата, за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање и за над
-
Македонија 04.07.2017 08:53
Димитров ќе реферира за македонската надворешна политика
Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ќе се обрати пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика.










