Од изутрината, регионалниот пат Росоман- Прилеп кај пазарот во Росоман е блокиран од земјоделци кои се незадоволни од откупот на праските. Тие излегоа на блокади со трактори, барајќи повисоки цени за производот. Сообраќајот се пренасочува по споредни патишта.
Вести
-
Македонија 20.06.2017 10:40
-
Свет 20.06.2017 10:33
Истекоа лични податоци на речиси 200 милиони американски граѓани
Маркетиншката фирма, која ја ангажираше Републиканскиот национален комитет случајно објавила доверливи податоци за околу 200 милиони американски граѓани.
-
Македонија 20.06.2017 10:30
ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја претвора државата во алатка на партијата
Зоран Заев и СДС најавуваа департизација и деполитизација на институциите и државниот апарат додека беа во опозиција, а сега ја претвораат државата во алатка на партијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Економија 20.06.2017 10:14
Продолжен рокот за пријавување субвенции
Земјоделците барањата за субвенции за 2017-та година ќе можат да ги поднесуваат до 15-ти септември.
Првиот датум за пријавувањето беше од 15-ти април до 30-ти јуни, но поради техничк проблем во платежната агенција рокот за доставување на документите е продолжен.
-
Македонија 20.06.2017 09:37
Спасовски на министерска конференција во Будимпешта
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе се обрати на конференцијата на министри за внатрешни работи во рамки на Салцбуршкиот форум во Будимпешта, посветена на нелегалната миграција, миграцискиот притисок и актуелната ситуација долж Западнобалканската рута.
-
Македонија 20.06.2017 07:59
Седници на пет собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, врски и екологија, за финансирање и буџет, за труд и социјална политика, за политички систем и односи меѓу заедниците и за надворешна политика.
-
Македонија 20.06.2017 07:57
Неколку часа во прекин сообраќајот на патниот правец Маврово–Дебар
Сообраќајот на патниот правец Маврово–Дебар, на делот од Мелнички мост до село Долно Косоврасти, денеска ќе биде во прекин во двата правци од 13 до 17 часот.
Како што соопшти АМСМ, прекинот е поради изведување градежни работи на пат, односно асфалтирање.
-
Македонија 20.06.2017 07:55
Премиерот Заев во официјална посета на Бугарија
Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев денеска со средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов ја почнува дводневната официјална посета на Република Бугарија.
-
Култура 19.06.2017 16:21
Почнува Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“
Со претставата „Лажговци во неволја“ од денеска на отворената сцена во спортскиот центар „Ново Лисиче“ почнува Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“.
-
Македонија 19.06.2017 16:07
Се подготвува акциски план за итните реформски приориотети
Спроведување на итните реформски приоритети во согласност со очекувањата на нашите меѓународни партнери од еу и трасирање на патот за реализација на акцискиот план. Се подготвува драфт верзијата што ќе му биде презентирана на еврокомесарот Јоханес Хан, при неговата посета во понеделник.










