Вести

  • Македонија 23.02.2017 11:27

    Одложено рочиштето за случајот „Поткуп“

    Се одложи судењето за случајот „Поткуп“, бидејќи лидерот на СДСМ, Зоран Заев добил награда за најградоначалник на Југоисточна и Средна Европа и ќе присуствува во Сараево на врачувањето на наградата. Неговата одбрана му презентираше известување на судот.

  • Македонија 23.02.2017 11:10

    315 милиони евра за модернизација на АРМ

    Македонија издвојува 315 милиони евра за модернизација на Армијата. Веќе 18-та година го поднесуваме извештајот за полноправно членство во НАТО. Денеска се одржуваат редовни билатерални консултации помеѓу Република Македонија и НАТО.

  • Македонија 23.02.2017 10:50

    ВМРО-ДПМНЕ: Нема да дозволиме редефинирање на Македонија

    ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека СДСМ има намера да ја редефинира државата само за да дојде на власт и оти за оваа цел планира да ги крши и Уставот на Република Македонија.

  • Македонија 23.02.2017 10:47

    ДУИ во петок ќе решава дали ќе влезе во владата

    Претседателството на Демократската унија за интеграција (ДУИ) на синоќешната седница ја прифати верзијата за употребата на албанскиот јазик, а, како што изјавија претставници на партијата, приближени се ставовите со СДСМ.

  • Македонија 23.02.2017 10:44

    Директна помош од 70 милиони денари за Железницата

    Владата на последната седница донесла одлука за зголемување од околу 70 милиони денари на годишно ниво за директна помош на Железницата, соопшти Министерството за транспорт и врски.

  • Култура 23.02.2017 10:39

    Концерт „Виолински бравури“ со Сихана Бадивуку

    Симфониски концерт „Виолински бравури“ на кој како солист ќе се претстави виолинистката Сихана Бадивуку, ќе се одржи вечерва во Домот на АРМ.

    На програмата се виртуозните „Циганка“ и Интродукција и рондо капричиозо од француските музички мајстори Морис Равел и Камиј Сен Санс.

  • Свет 23.02.2017 10:37

    Главниот советник на Трамп започна кампања за спречување на активностите на Сорос

    Главниот советник на американскиот претседател Стив Бенон е највлијателниот соработник во Белата куќа. Дали Бенон е вториот најмоќен човек во светот- пишува магазинот „Тајм“ објавувајќи на насловната страна текст за Бенон како лојален соработник во којшто Трамп има доверба.

  • Економија 23.02.2017 10:24

    Поголем откуп на земјоделски производи

    Во последните три месеци од 2016 година е зголемен вкупниот откуп и продажбата на земјоделските производи.

    Во октомври, ноември и декември тргувањето со земјоделски производи било поголемо за скоро 40 проценти.

  • Свет 23.02.2017 08:31

    НАСА: Пронајден ѕвезден систем со „двојници“ на Земјата

    НАСА соопшти дека астрономи откриле нов ѕвезден систем што е оддалечен од Земјата околу 40 светлосни години.

    Системот е наречен Трапист-1, и во него постојат седум планети слични на Земјата кои кружат околу џуџеста ѕвезда, постудена и поцрвена од Сонцето.

  • Македонија 23.02.2017 08:29

    Сончево со температура до 20 степени

    Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. По котлините ќе има услови за појава на слаба утринска магла. Утринската температура ќе се движи од минус два до три, а дневната од 13 до 20 степени.

Pages