Вести

  • Економија 24.02.2017 15:02

    Станбените згради и парцели во 3Д катастарски приказ

    Станбените згради и парцели ќе добијат тродимензионален приказ во катастарскиот систем. Се воведува и висина при премерот на објектите. Новата визуелизација ќе овозможи реална слика, до каде се права врз недвижноста на сопствениците не само по површина туку и по висина и длабочина под земјата.

  • Економија 24.02.2017 14:56

    Сточарите бараат повисока цена на јагнето, работат со загуба

    Сточарите бараат повисока цена на јагнето, кое сега се продава за 120 денари. Велат, на нивниот бизнис му се заканува колапс, работат со загуба. Според нив, економска логика ќе имаат ако откупната цена е 160 денари за килограм. Побараа владата да ја субвенционира разликата.

  • Македонија 24.02.2017 14:50

    Иванов: Јавно да се осуди мешањето во внатрешните работи од соседите

    Не е изразена јавна осуда за мешањето од некои соседни земји во внатрешните работи на Република Македонија.

  • Македонија 24.02.2017 14:48

    Метео: За викендот облачно и врнежливо

    Првиот ден од викендот ќе ни донесе претежно облачно и значително посвежо време со повремени врнежи од дожд и снег на повисоките планини особено во северозападните делови од Македонија.

  • Македонија 24.02.2017 14:40

    Одложено судењето за мобинг против Панчевски

    Рочиштето за мобинг против екс претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски се одложи повторно. Одбраната на тужителот, поранешниот раководител на Одделението за човечки ресурси, Горан Стаменковски побара време за да го разгледа одговорот на тужбата што го добија пред самото судење.

  • Македонија 24.02.2017 14:28

    Машки труп изваден од Вардар

    Од водите на Вардар, кај Долно Лисиче вчера е изваден машки труп.

    Полицијата вчера во 15 и 10 минути е информирана дека е пронајден машки труп. Со специјално возило лешот бил изваден од водата. Идентитетот не е утврден, а со наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

  • Македонија 24.02.2017 13:41

    Една недела штрајк на вработените во МПМ

    Вработените во Медија принт Македонија (МПМ) и денеска на штрајк. Новинарите од „Дневник“, „Утрински весник“ и од „ Вест“ со симболична поворка со пароли и свирчиња одбележаа една недела како секој ден штрајкуваат.

  • Македонија 24.02.2017 13:27

    Еднакви права за децата со попреченост

    Македонија се движи кон целосно исполнување на обврските за интегрирање на лицата со посебни потреби во општеството, согласно со Конвенцијата на Обединетите нации. Сепак, потребно е уште, за тие да ги уживаат сите права.

  • Македонија 24.02.2017 12:57

    Западниот Балкан во фокус на претстојниот самит на ЕУ

    Шефовите на држави и влади на Европската унија, на претстојниот Самит на Европскиот совет, на 9-ти и 10-ти март во Брисел ќе разговараат за затегнатата состојба на Западен Балкан. Според дописникот на МИА, меѓу темите би биле и состојбата во Косово, БиХ, Албанија и во Македонија.

  • Економија 24.02.2017 12:51

    Катастарот воведува 3Д приказ за зградите и парцелите

    Државниот катастар ќе воведува трета димензија во приказ на недвижностите со што ќе се овозможи ефикасно моделирање на зградите, теренот и површината. Проектот се финансира со средства од Европската унија и техничка подршка од Холандскиот катастар.

Pages