Мексико ги осуди новите правила од САД според кои сите илегални мигранти ќе бидат подложни на депортација. Една од мерките предлага и испраќање на недокументираните луѓе во Мексико независно од каде доаѓаат.
Вести
-
Свет 23.02.2017 13:17
-
Македонија 23.02.2017 12:55
Двојно повеќе средства за модернизација и опремување на АРМ
Активен придонес и полноправно членство во атлантските интеграции, е и натаму клучен приоритет на Владата. Од 2008-та, се исполнети сите критериуми за членство, но сепак Македонија е во предворјето на Алијансата.
-
Македонија 23.02.2017 12:46
На мигрантите да им се гарантира хуман третман
Илјадници мигранти минале низ Македонија за да стасаат во Европската унија. Во моментов кај нас се 130- тина сместени во транзитно- прифатните центри и во Центарот за азил во Визбегово. Надлежните тврдат дека ги имаат неопходните услови за престој.
-
Свет 23.02.2017 12:23
Пјонгјанг тврди- Малезија е одговорна за смртта на Ким Јонг Нам
Официјален Пјонгјанг тврди дека Малезија е одговорна за смртта на Ким Јонг Нам кој беше убиен со отровни стрелки на аеродром во Куала Лумпур.
-
Македонија 23.02.2017 12:14
ДУИ утре ќе решава дали ќе влезе во владата
Претседателството на Демократската унија за интеграција на синоќешната седница ја прифати верзијата за употребата на албанскиот јазик, и како што изјавија претставници на партијата, приближени се ставовите со СДСМ.
-
Свет 23.02.2017 12:07
Мексико ги осуди новите правила на Вашингтон за депортирање
Мексико ги осуди новите правила од САД според кои сите илегални мигранти ќе бидат подложни на депортација. Една од мерките предлага и испраќање на недокументираните луѓе во Мексико независно од каде доаѓаат.
-
Свет 23.02.2017 11:31
Ирачките сили го нападнаа аеродромот во Мосул
Ирачките безбедносни сили извршија напад врз аеродромот во Мосул во рамките на операцијата за преземање на градот од исламистите на Исламска држава. Цел на акцијата бил и воен камп во близина.
-
Македонија 23.02.2017 11:29
Железничкиот сообраќај сѐ уште во прекин
Патничките и товарните возови и денеска не сообраќаат поради протестот на вработените кои бараат исплата на јануарската плата и гаранција дека наредните плати ќе ги добиваат редовно. Велат дека протестот ќе трае сѐ додека платите не легнат на нивните сметки.
-
Македонија 23.02.2017 11:27
Одложено рочиштето за случајот „Поткуп“
Се одложи судењето за случајот „Поткуп“, бидејќи лидерот на СДСМ, Зоран Заев добил награда за најградоначалник на Југоисточна и Средна Европа и ќе присуствува во Сараево на врачувањето на наградата. Неговата одбрана му презентираше известување на судот.
-
Македонија 23.02.2017 11:10
315 милиони евра за модернизација на АРМ
Македонија издвојува 315 милиони евра за модернизација на Армијата. Веќе 18-та година го поднесуваме извештајот за полноправно членство во НАТО. Денеска се одржуваат редовни билатерални консултации помеѓу Република Македонија и НАТО.









