Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2016 година изнесува 23.457 денари, а просечната бруто-плата 34.374 денари. Во декември лани 1,6 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.
Вести
-
Економија 22.02.2017 13:13
-
Македонија 22.02.2017 13:08
Рочиштето за настаните во Општина Центар одложено, Јанева и Фетаи добија казни
По две илјади евра, судијката Татијана Михајлова ги казни обвинителките Катица Јанева и Фатиме Фетаи по неколкуте опомени за, како што рече, елементарно непочитување на судот. Сѐ почна откако обвинителките ја обинија судијката за фалсификување на записникот од минатото рочиште.
-
Македонија 22.02.2017 12:52
СДСМ- ДУИ: Нема да се носат решенија кои нема да бидат во согласност со Уставот
По средбата на лидерите на СДСМ и на ДУИ во Мала Речица, отворените прашања меѓу двете страни се во рацете на уставните експерти. Заев вели дека во прашање се денови до крајната одлука. Според него, важно е да се најдат уставни решенија за предлозите за употребата на албанскиот јазик.
-
Македонија 22.02.2017 12:28
Во март посета на Могерини на Западен Балкан
Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, од први до четврти март ќе ги посети Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Србија и Македонија- јавува МИА, што е потврдено од нејзиниот кабинет.
-
Свет 22.02.2017 12:11
Протести во Атина против мерките на владата
Околу 5.000 лица беа присутни на синоќешниот протест во грчкиот главен град против последната рунда на мерки одобрена од грчката влада и меѓународние кредитори.
-
Свет 22.02.2017 12:01
Канада ќе преземе 1.200 бегалци Јазиди од Ирак
Годинава Канада ќе преземе 1.200 бегалци Јазиди кои ги гони Исламска држава од Ирак, што според официјална Отава значи геноцид.
Досега пристигнале речиси 400 луѓе. Бегалците Јазиди ќе пристигнат со цивилни авиони, а иницијативата канадските власти ќе ги чини 28 милиони канадски долари.
-
Свет 22.02.2017 11:53
„Амнести интернешнал“: Во светот расте говорот на омраза
Според организацијата за заштита на човековите права „Амнести Интернешнал“, политичките лидери ја поттикнуваат омразата, создавајќи страв и вознемиреност меѓу одредени категории луѓе.
-
Македонија 22.02.2017 11:44
Уапсен осомничениот за убиството во Охрид
Фатен осомничениот за разбојништвото со смртни последици во Охрид, при што настрада 67- годишна жена. Јавното обвинителство соопшти дека во координирана акција на надлежните органини е уапсен Кумановец.
-
Свет 22.02.2017 11:06
Малезиската полиција сомничи дипломат од Северна Кореја за убиството на Ким Јонг- Нам
Полицијата во Малезија трага по лице од Амбасдата на Северна Кореја како осомничен за убиството на Ким Јонг- Нам. Уште еден осомничен за случајот е поврзан со државната авиокомпанија на Северна Кореја.
-
Македонија 22.02.2017 10:53
Продолжува блокадата на железничкиот сообраќај
Железничкиот сообраќај е сѐ уште во целосен прекин поради протестот на вработените кои бараат исплата на јануарската плата. Не сообраќаат патничките и товарните возови.










