Северна Кореја призна дека успешно ја извршила петтата нуклеарна проба само неколку часа откако беше регистриран потрес од 5,3 Рихтери. Во соопштението објавено на државните медиуми се нагласува дека целта на тестот е отпор кон непријателствата на САД.
Вести
-
Свет 09.09.2016 12:38
-
Свет 09.09.2016 12:31
Шпанија: Воз излета од шини, најмалку две жртви
Најмалку две лица загинаа откако воз излетал од шините во северозападна Шпанија.
Во моментот на несреќата во возот од Португалија имало 60 патници.
Спасувачките екипи се на терен.
-
Свет 09.09.2016 11:54
45 луѓе заглавени на жичница над француските Алпи
45 луѓе останаа заглавени во жичница над француските Алпи поради технички дефект во системот. Спасувачките екипи со хеликоптери им доставуваат храна, вода и ќебиња.
-
Свет 09.09.2016 11:51
Турција продолжува со чистката
10.000 наставници во Турција се суспендирани поради сомневање за поврзаност со Работничката партија на Курдистан. Турските власти досега отстраниле вкупно 11.500 наставници кои, според Министерствоto за образование, ги поддржуваат и ограноците на сепаратистичката терористичка организација.
-
Македонија 09.09.2016 11:30
Остатоците од урнатиот авион на вештачење
Три дена по уривањето на комерцијалниот приватен авион од типот „Пајпер“, екипите почнаа со подигање и пренесување на остатоците од леталото, откако претходно при увидот беа означени и обезбедени, информираат од скопското Јавно обвинителство.
-
Македонија 09.09.2016 11:25
Стопирана изградбата на објектот кај зградата на МНР
Изградбата на објектот кај зградата на мнр е стопирана од градежната инспекција на општина Центар. Инвеститорот доби инструкции да ја насочи работата на обезбедување на земјиштето и соседните објекти, откако завчера поради скината канализациска цевка, градилиштето беше поплавено.
-
Македонија 09.09.2016 11:22
Русија ќе испрати хуманитарен конвој за Македонија
Руското Министерство за вонредни состојби соопшти дека ќе испрати хуманитарен конвој за Македонија како помош на настраданите од поплавата во почетокот на август во Скопје.
-
Македонија 09.09.2016 11:19
Попладне пороен дожд и грмежи, од вторник стабилизирање
Времето во земјава ќе биде променливо облачно, во западните делови со повремен дожд, а во источните со сончеви периоди. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР.
-
Македонија 09.09.2016 11:02
Во Белград одбележан Денот на независноста
Денот на независноста на Република Македонија се одбелеа во Народниот театар, а организатор е македонската амбасада. Покрај овој голем празник, воедно се одбележуваат и 20 години од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Република Македонија и Република Србија
-
Македонија 09.09.2016 10:47
Прием во македонската амбасада во Брисел по повод Денот на независноста
По повод Денот на независноста на Република Македонија, дипломатските претставништва на земјата, македонската амбасада во Кралството Белгија, македонската мисија при Европската Унија и НАТО амбсадата, во Брисел организраа свечен прием на кој присуствуваа претставници од европскиот дипломаски кор,










