Вести

  • Македонија 25.08.2016 13:36

    Метео: Следува сончево и стабилно време

    Утре во Македонија ќе преовладува сончево и стабилно време со мала облачност и со слаб до умерен североисточем ветер.

    За време на викендот се очекува сончево и потопло време со температура до 35 степени.

    Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска

  • Економија 25.08.2016 13:34

    „М-Нав“ и „Еуроконтрол“ потпишаа Договор за наплата на терминални услуги

    Европската организација за безбедност и воздушна пловидба „Еуроконтрол“ и на Македонската агенција за воздухопловна навигација „М-Нав“ во Охрид потпишаа договор за меѓусебна соработка во делот на наплатата на терминалните надоместоци.

  • Македонија 25.08.2016 13:24

    Се нормализира животот во поплавените реони

    Семејството Стојановски во Стајковци добиле 30.000 денари од државата. Велат, веднаш купиле песок и матерјал за изолација. Но, штетата е многу поголема, не можат да ја санираат сами.

  • Македонија 25.08.2016 13:02

    Коѕиас се сретна со Димитриев и Попоски

    Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас пристигна во еднодневна работна посета на Република Македонија. Тој веќе имаше средба со претседателот на владата Емил Димитриев, а потоа беше пречекан од неговиот домаќин, вицепремиерот и министер за надворешни, Никола Попоски.

  • Свет 25.08.2016 12:56

    Италија сѐ уште се тресе, бројот на жртви расте

    Спасувачките тимови во Италија извлекоа дете кое цели 17 часа било затрупано под урнатините во Пескара дел Тронто, еден од најпогодените градови во земјата која преживеа два силни земјотреса во последните два дена. 10-годишното девојче нема никакви повреди на телото. 

  • Македонија 25.08.2016 12:40

    Гужва на патарините и граничните премини

    На автопатот А1/Е75 Табановце-Богородица зголемен е интензитетот на сообраќај во правецот на север. На наплатните станици за патарина Стоби, Отовица и Романовце присутен е поголем број возила, информира Автомото сојузот на Македонија во пладневниот извештај за состојбата на патиштата.

  • Македонија 25.08.2016 12:36

    Средба Спасов- Штогер во Виена

    Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денес оствари средба со својот австриски колега, министерот за труд, социјални прашања и заштита и потрошувачи, Алојз Штогер.

  • Македонија 25.08.2016 12:30

    Притвор за српски државјанин, криумчарел мигранти

    На автопатот Удово-Неготино, кај тунелите кај Демир Капија, вчера околу 07.30 часот полицијата во товарно моторно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки пронашла 47 лица-мигранти од Сирија, Ирак, Пакистан и Авганистан.

  • Македонија 25.08.2016 12:06

    Помош од 30.000 евра од Словенија за поплавените подрачја

    Владата на Словенија одлучи да додели 30.000 евра хуманитарна помош за погоденото население од поплавите во Македонија, соопшти денеска Амбасадата на Словенија во Македонија.

  • Македонија 25.08.2016 11:36

    Нова ротација во „Одлучна поддршка“

    Шест офицери на Армијата на Република Македонија денеска во Министерството за одбрана беа свечено испратени како новата ротација на припадниците на АРМ во рамките на германскиот контингент во Командата за обука, советување и асистенција „Север“ во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, соопшт

Pages