Вести

  • Македонија 24.08.2016 10:17

    Ад хок комисијата за медиуми го избира петтиот член

    Денеска треба да биде избран петтиот член на ад хок телото за регулација на медиумите, што според политичкиот договор од 20-ти јули треба да биде етнички Албанец.

  • Свет 24.08.2016 10:14

    Најмалку 14 загинати во земјотресот во централна Италија

    Над 14 луѓе загинаа во земјотресот од 6,2 степени по Рихтер во централна Италија. Епицентарот бил кај градот Норча во областа Умбрија, на длабочина од 10 километри. Покрај човечките жртви, предизвикана е и голема материјална штета.

  • Економија 24.08.2016 10:09

    Се стабилизираа цените на зелените пазари

    По поплавите во Скопско, цените на зеленчукот на зелените пазари се стабилизираа. Доматот во просек чини од 30 до 50 денари за килограм, а кај пиперките има мало зголемување за 12 проценти.

  • Култура 24.08.2016 08:36

    Почнуваат 55. Струшки вечери на поезијата

    Со традиционалното читање на Константиновата „Т`га за југ“ пред Домот на поезијата денеска почнува 55. јубилејно издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата.

  • Македонија 24.08.2016 08:33

    Законот за кампањи на јавните институции пред пратениците

    Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 114-та седница на која ќе расправа по предлог законите за информативни и рекламни кампањи на јавните институции, за изменување и дополнување на Законот за Народниот правобранител и на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство, сите во

  • Македонија 24.08.2016 08:32

    Состанок на Амбасадорскиот совет во МНР

    Во Министерството за надворешни работи од денеска до 26 август ќе се одржи работен состанок на шефовите на Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија.

    Состанокот ќе го отвори заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи Никола Попоски.

  • Свет 24.08.2016 08:14

    Земјотрес во централна Италија, најмалку 10 жртви

    Силен земјотрес кој срамни со земја и згради, го погоди планинскиот дел на централна Италија рано утринава. Неофицијалните информации велат дека засега има најмалку 10 жртви.

  • Македонија 23.08.2016 17:00

    Претставена методологијата за изборното известување

    Балансираност во известувањето и вклученост на опозицијата во новинарските извештаи најмалку 50% од времето во кое е застапена власта, формирање на привремена Комисија за следење на медиумското претставување, како и јасно издвојување на коментарот од останатите жанрови.

  • Македонија 23.08.2016 16:35

    ДИК: Усвоен извештајот за спорните гласачи

    30.447 спорни гласачи кои не се пријавиле во законскиот рок, се избришани од избирачкиот список. Ќе имаат дополнителна можност да го направат тоа во 15-дневниот јавен увид пред изборите. Во рокот од 25 дена, во ДИК пристигнаа 8.992 пријави.

  • Македонија 23.08.2016 16:10

    Авансна помош за сите погодени во поплавите

    Жителите од поплавените региони одат во банка за да го земат авансираното обесштетување. На терен, продолжува евиденцијата на луѓето чиишто имоти беа уништени во невремето.

    „Ме нема на список, одам до банката да прашам“, вели жител од Стајковци.  

Pages