Вести

  • Македонија 24.08.2016 13:10

    Отворен нов дом за згрижување стари лица

    35 лица ќе можат да се згрижат во новиот Дом за стари лица во населбата Припор. Отворени се нови 20 работни места. Инвестицијата чини 400 илјади евра. Ова е втора инвестиција од ваков вид во семеен бизнис.

  • Економија 24.08.2016 13:07

    За побрзa исплата на средства во непогоди се менува Законот за буџети

    За побрза исплата на средства во услови на елементарни непогоди, како поплавата од 6 август, Министерството за финансии денеска предложи по брза постапка да се направат измени на Законот за буџет со кои ќе се овозможи Министерството да прави пренамена, прераспеределба на средства на 5 отсто од бу

  • Македонија 24.08.2016 12:38

    Соседите и регоналната соработка во фокус на Амбасадорскиот совет

    Во контекстот на пошироката безбедносна и комплексна политичка ситуација, со внатрешни политичко- безбедносни предизвици и мигрантската криза, македонската надворешна политика пред сѐ ја нагласува потребата од градење релации во опкружувањето и во регионот.

  • Свет 24.08.2016 12:07

    Над 30 мртви, 150 исчезнати во разорниот земјотрес во централна Италија

    Над 30 луѓе загинаа во земјотресот од 6,2 степени по Рихтер во централна Италија. Епицентарот бил кај градот Норча во областа Умбрија, на длабочина од 10 километри. Покрај човечките жртви, предизвикана е и голема материјална штета.

  • Економија 24.08.2016 11:18

    Раст на бројот на превезени патници за 22,5% на македонските аеродроми

    Трендот на раст на бројот на патници што поминале на двата аеродроми во Република Македонија продолжува, соопштуваат од Министерството за транспорт и врски.

  • Свет 24.08.2016 11:14

    Бајден пристигна во Турција

    Американскиот потпретседател Џозеф Бајден допатува во Анкара на разговори со турското раководство, во момент кога државата почна со операција против припадници на Исламска држава од град на границата со Сирија.

  • Свет 24.08.2016 11:11

    Припадници на ИД од Сирија гранатираат турска територија

    Од Сирија припадници на Исламска држава гранатираат турска територија. Гранатите паѓаат во близина на градот Каркамаш. Нападот очигледно е одговор на турските воздушни напади во близина на сирискиот град Џараблус.

  • Македонија 24.08.2016 10:46

    Самоубиство во Куманово

    Средовечен кумановец вчера се самоубил во својата семејна куќа, лоцирана на улицата „Кирил и Методиј“, потврди денеска МВР.

    Тој бил пронајден обесен во 21.15 часот. Лекар од Здравствениот дом-Куманово констатирал смрт без траги на насилство.

  • Свет 24.08.2016 10:43

    Турција официјално побара од САД испорачување на Ѓулен

    Турција испрати официјално барање до американската администрација за испорачување на муслиманскиот верски лидер Фетулах Ѓулен, обвинет од Анкара за организирање на обидот за пуч на 15-ти јули.

  • Свет 24.08.2016 10:31

    Воена операција против ИД во Џараблус

    Турската армија и меѓународната коалицији предводени од САД, почнаа операција против Исламска Држава во сирискиот пограничен град Џараблус, за отворање коридор.

    Операцијата е преземена неколку часа пред посетата на американскиот потпретседател Џо Бајден на Анкара.

Pages