Учесниците на 55 Струшки вечери на поезијата, покрај во Струга свои творби денеска ќе читаат и во Ресен и Охрид во рамки на проектот „Поезија на пат“.
Вести
-
Култура 25.08.2016 11:32
-
Македонија 25.08.2016 11:08
Доделени сертификатите на учесниците на седмата Школа за млади лидери
Претседателот на државата Ѓорге Иванов ги додели сертификатите на учесниците на седмата Школа за млади лидери што се одржа во Охрид. Претседателот Иванов на учесниците синоќа им порача дека никој не може да ги спречи да се воздигнуваат и да бидат подобри, поуспешни и поквалитетни.
-
Македонија 25.08.2016 11:02
Се чисти коритото на Сува Река во Општина Илинден
Во Општина Илинден во тек е чистење на дел од коритото на Сува Река што минува низ населените места Дељадровци, Текија и Миладиновци, во должина од 5.000 метри, соопшти денеска општината.
-
Свет 25.08.2016 10:47
Бајден ја потврди поддршката за Турција
На заедничката прес-конференција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара, потпретседателот на САД Џо Бајден ја потврди поддршката за Турција.
-
Свет 25.08.2016 10:30
Најмалку 13 жртви во нападот во Американскиот универзитет во Кабул
Во нападот во Американскиот универзитет во Кабул загинаа најмалку 13 луѓе. Полицијата ги застрела и двајцата напаѓачи кои упаднаа во комплексот откако автомобил-бомба го разнел западниот дел од универзитетот.
-
Економија 25.08.2016 10:14
Досега откупени над 70 илјади тони пченица
Од 80.000 хектари насеани со пченица родот годинава тежи 306.000 тони што претставува зголемување од скоро 60 проценти во споредба со ланската жетва.
Просечениот принос е 3.800 килограми на хектар, што е за скоро 45 отсто повеќе од лани.
-
Економија 25.08.2016 08:51
Стартува изградбата на рударскиот комплекс во Казандол
Компанијата Сардич MЦ по двегодишни истражувања, денеска почнува со изградба на својот рударски комплекс во Казандол, Валандово. Ова е првпат по 40 години во Македонија да се гради рудник.
-
Свет 25.08.2016 08:44
Во земјотресот во Италија 247 загинати, најавена вонредна состојба
Во земјотресот, што вчера ја потресе централна Италија, досега загинаа 247 лица, а италијанскиот премиер Матео Ренци најави дека денеска ќе се прогласи вонредна состојба.
-
Македонија 25.08.2016 08:41
Измените на Законот за буџети пред пратениците
Предложените измени на Законот за буџет, по брза постапка, со кои ќе се овозможи Министерството за финансии да прави пренамена, прераспределба на средства на 5 отсто од буџетот, со цел побрза исплата во услови на елементарна непогода, се на дневен ред на денешната собраниска Комисија за финансира
-
Македонија 25.08.2016 08:14
Сообраќајот со зголемен интензитет надвор од градските средини
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози.









