Жителите од поплавените региони одат во банка за да го земат авансираното обесштетување. На терен, продолжува евиденцијата на луѓето чиишто имоти беа уништени во невремето.
„Ме нема на список, одам до банката да прашам“, вели жител од Стајковци.
Жителите од поплавените региони одат во банка за да го земат авансираното обесштетување. На терен, продолжува евиденцијата на луѓето чиишто имоти беа уништени во невремето.
„Ме нема на список, одам до банката да прашам“, вели жител од Стајковци.
Приватните фирми коишто ќе вработат лица од социјален ризик во наредните шест месеци ќе добиваат по 22 илјади денари субвенција од државата.
Над 740.000 евра се собрани во Црвениот крст од донации за поплавените- информираше генералниот секретар Саит Саити. Поради сѐ уште непристигнати, но договорени донации, како и поради зголемен интерес во јавноста, хуманитарната акција ќе трае до 29-ти август.
Со реновиран изложбен простор, гостување на странски научници, симпозиум и изложби Природонаучниот музеј кон крајот на октомври ќе одбележи 90 години постоење. Музејот располага со 300.000 експонати и е еден од најголемите на Балканот, истакна директорот Ивица Заркадов.
Собраниска Комисија за земјоделство едногласно реши да се одржи расправата за „Примената на законските и подзаконските прописи во областа на хидромелиоративните системи и хидрометеоролошките работи“ на која ќе се дискутира за последиците од поплавите.
Утре во Македонија се очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и ретки грмежи, особено во јужните и источните делови од земјава.
Ќе дува и умерен повремено засилен северен ветер особено долж Повардарието.
Во поплавените подрачја односно во Црешево, Смилковци, Булачани, Брњарци, депонија Арачиново, Сингелиќ, Камник, Стајковци, Раштански пат и Инџиково, Дирекцијата за заштита спасување (ДЗС) со 3.400 вработени исчистила и тампонирала 71 улица со вкупна должина од 15.700 метри, а исчистени се канали
Американската и турската делегација во Анкара ги почнаа преговорите за испорачување на имамот Фетула Ѓулен во Турција.
Државната изборна комисија денеска на седница треба да го разгледа и усвои Извештајот за спроведената постапка за пријавување на граѓани чии што записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците.
Заеднички тим на стручни лица за санација од катастрофи од Европската Унија (ЕУ), Обединетите Нации (ОН) и Светска Банка (СБ) со надлежните македонски институции е распореден на терен со цел идентификување на причините за поплавите и проценка на последиците.