Проработе 110 киловолтниот далекувод што ги поврзува трафостаниците меѓу Скопје и Тетово. Со него се обезбедува стабилно снабдување со електрична енергија на тетовскиот и на скопскиот регион, најголеми консументи во земјава.
Вести
-
Економија 30.06.2016 15:08
-
Македонија 30.06.2016 15:05
Иванов: Крајно време е светот да се обедини во одбрана на споделените вредности
Претседателот Иванов во Турската амбасада во Скопје се потпиша во книгата на жалост, отворена по терористичкиот напад на меѓународниот аеродром во Истанбул.
-
Економија 30.06.2016 15:02
Струјата поевтинува за 0,25 проценти
Цената на струјата се намалува за 0,25 насто за домаќинствата и за малите компании.
Од крајната цена најголем дел 50,7 насто ќе добива ЕЛЕМ, ЕВН Дистрибуција 29,31, и операторот МЕПСО 4,83 насто.
Новата цена ќе се пресметува од утре до 1-ви јули наредната година.
-
Македонија 30.06.2016 14:59
Хајндл в среда повторно во Македонија
Специјалниот пратеник на Германија за Македонија, амбасадорот Јоханес Хајндл, в среда е повторно во Македонија.
Според некои медиуми, во почетокот на месецов во земјава треба да допатува и Викторија Нуланд, заменик државниот секретар на САД, но оваа посета сѐ уште не е потврдена.
-
Македонија 30.06.2016 14:37
Поразителна статистика: Расте смртноста од карцином на грло на матка
Четири пати повеќе жени умираат од карцином на грло на матка во Македонија во споредба со ЕУ, покажува статистиката. Искуството покажува, ако навреме се направи скрининг и се открие болеста, 90 % од пацинетките би се излекувале.
-
Македонија 30.06.2016 14:31
Заврши јунската сесија од екстерното тестирање
Со завршување на процесот на приговори на резултатите од тестирањето на 28 јуни 2016 година заврши јунската сесија од екстерното тестирање, информира Државниот испитен центар.
-
Македонија 30.06.2016 13:45
Против „јазлеста кожа“ вакцинирани 80.000 говеда
Болеста „јазлеста кожа“ нема значително да се одрази врз млечната индустрија зашто најпрво ги зафати говедата на пасиштата кои се одгледуваат за месо, а потоа се спушти во шталите, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
-
Македонија 30.06.2016 13:08
ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ во преден план се партиските интереси
Нови препукувања на релација ВМРО-ДПМНЕ - СДСМ. Социјалдемократите најотворено ги ставија партиските интереси пред интересите на граѓаните, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, за неучеството на СДСМ во работата на Собранието.
-
Македонија 30.06.2016 12:46
Студентскиот парламент при УКИМ избира нов лидер
Денеска Студентскиот парламент избира нов лидер, а во студентското тело на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ велат дека изборите минуваат тековно, со извесни тенденции од одредени групации.
-
Свет 30.06.2016 12:42
Кој ќе го наследи Камерон?
Премиерот на Обединетото Кралство Дејвид Камерон најави дека ќе си замине од премиерската фотелја до октомври, откако граѓаните се изјаснија за излез од Европската Унија. Покрај премиерската функција, Камерон треба да добие наследник и како лидер на партијата на конзервативците.










