Вести

  • Македонија 29.06.2016 13:10

    Средба Груевски- Хан во Брисел

    За денеска во Брисел е најавена средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски со еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан.

  • Македонија 29.06.2016 13:05

    Нова детска градинка во населбата Пинтија

    Отоворена нова детска градинка во населбата Пинтија во Кисела Вода. Министерството за труд и социјална политика излезе во пресрет на барањата на жителите на општината, поради зголемениот број деца од предшколска возраст.

  • Свет 29.06.2016 12:55

    Состанок на ЕУ лидерите без Британија

    Денешното продолжение на Самит на ЕУ, на кое ќе се разговара за последиците од Брегзитот, ќе се одржи  без присуство на британскиот премиер Дејвид Камерон, а високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини ќе ја претстави новата глобална стратегија за безбедност и надворешн

  • Македонија 29.06.2016 12:51

    Нема настрадани македонски државјани во Истанбул

    Засега нема информации ниту за повредени  ниту пак за загинати македонски државјани во терористичкиот напад во Истанбул, соопшти Министерството за надворешни работи.

    МНР изрази длабоко сочувство за семејствата на сите погинати и повредени во нападите.

  • Свет 29.06.2016 12:49

    Исламска држава најверојатно стои зад нападот во Истанбул

    Турскиот премиер Бинали Јилдирим ги осуди џихадистите на Исламска држава за последниот напад во Истанбул во кој загинаа 36 луѓе, а беа повредени 140. Повеќето загинати се турски државјани, но полицијата идентификувала и патници од Иран и од Украина.

  • Свет 29.06.2016 11:34

    Мишел: Британските фирми да се преселат во Белгија

    Британија заминува од ЕУ, а одделни земји членки веќе лобираат компаниите да го префрлат работењето кај нив. Премиерот на Белгија, Шарл Мишел повика, британски компании што сакаат да тргуваат во Европската унија, да се преместат во неговата држава.

  • Свет 29.06.2016 11:30

    Корбин: Немам намера да поднесам оставка

    Лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, Џереми Корбин, изјави дека нема намера да поднесе оставка, и покрај изгласаната недоверба од поголемиот број негови пратеници.

  • Македонија 29.06.2016 11:27

    Притвор за гостиварецот осомничен за убиство

    По предлог на надлежен Јавен обвинител, судија на претходна постапка определи мерка притвор во траење од 30 дена за лицето кое само се пријави во полициска станица како учесник во завчерашното пукање во Гостивар, кога животот го загуби 26-годишен гостиварец.

  • Свет 29.06.2016 11:24

    Камерон: ЕУ сака да има најтесни врски по Брегзит

    Британскиот премиер на заминување, Дејвид Камерон, изјави дека по Брегзит, ЕУ сака да има „најтесни врски“ со Велика Британија.

  • Македонија 29.06.2016 10:25

    Ќе се гради дом за стари лица во Илинден

    Во скопската населба Илинден денеска ќе биде поставен камен-темелник на нов дом за стари лица.

Pages