Со фрлање венец од цвеќиња, кој ја симболизира младоста на велешките гемиџии од 1903-тата, денеска по водите на Вардар запловија сплавови и чамци што ја сочинуваат 18-тата Вардарска регата.
Вести
-
Македонија 30.06.2016 12:32
-
Свет 30.06.2016 12:19
Објавена фотографија од еден од терористите кои го извршија нападот во Истанбул
Објавена е првата фотографија од еден од терористите во нападот на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул. Турските безбедосни сили извршиле претрес на две куќи во кои нашле шифрирани документи поврзани со екстремистичка организација, како и различни дигитални материјали.
-
Свет 30.06.2016 11:41
Путин го продолжи ембаргото за храна од западот
Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша указот за продолжување на ембаргото на прехранбени производи од Запад до крајот на 2017 година.
-
Свет 30.06.2016 11:18
Египетскиот авион се урнал поради дефект предизвикан од висока температура и чад
Податоците од едната црна кутија на египетскиот авион кој се урна во Средоземјето покажаа дека се активирал алармот за чад.
Овие наоди се во согласност со информациите кои ги регистрирал автоматскиот систем за снимање на податоците.
-
Свет 30.06.2016 10:42
ЦИА предупреди за нови напади од Исламска држава
Директорот на ЦИА Џон Бренан предупреди дека Исламска држава сигурно подготвува напади и на американска територија.
-
Свет 30.06.2016 10:20
Од 1 јули Словачка ќе претседава со ЕУ
Од 1-ви јули Словачка станува претседавач на Европската Унија. Челната позиција ја презема во деликатни времиња поради бројните предизвици со кои се соочува европското семејство.
-
Свет 30.06.2016 09:56
НАТО мора да остане обединет за да се справи со терористичките закани
Светот се соочува со голем број на предизвици и сега не е време за поделби. НАТО мора да остане обединет, особено кога една земја членка како Турција е цел на терористички напад.
-
Македонија 30.06.2016 09:49
Ново рочиште за „Диво насеље“
Во Кривичниот суд во Скопје, ново рочиште за терористичката акција во Куманово. Седницата е затворена поради сведочењето на заштитените сведоци.
Судењето неофицијално почнува по трет пат од почеток, откако пред една седмица беше екстрадиран Сулејман Сулејмани од Косово.
-
Економија 30.06.2016 09:46
Расте извозот на вино
Македонските винарски визби и годинава успешно ги исполнуваат квотите за извоз на западноевропските и на другите пазари во светот.
Две години по ред целосно се искористуваат договорените безцарински количества за продажба во Европската Унија.
-
Македонија 30.06.2016 09:36
Завршува проектот за реконструкција на мостовите на Коридорт 10
На местото викано Кула на автопатот Велес - Катланово денеска ќе биде одбележано завршувањето на проектот за реконструкција на мостовите на Коридорот 10.
На настанот најавено е присуство на министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и на претставници на НАТО.










