Од 1 јули (петок) ќе почне да се применува времениот режим на сообраќај во летниот период на државните патишта во Република Македонија со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температу
Вести
-
Македонија 29.06.2016 14:46
-
Култура 29.06.2016 14:44
Нови 12 дела од македонски автори достапни на странските читатели
Нови 12 дела на македонски автори ќе им бидат достапни на странските читатели. Објавени се делата, избрани на последниот конкурс за финасирање преводи на македонската книжевност кои ќе издадат странски куќи.Според авторите ова е можност за првпат да се презентираат надвор од државата.
-
Економија 29.06.2016 14:14
Индустриското производство во мај поголемо за 5,3 отсто
Индустриското производство во мај годинава пораснало за 5,3 отсто во споредба со истиот месец од минатата година, а во првите пет месеци од годинава е за 8 отсто повисоко во споредба со истиот период од 2015 година.
-
Македонија 29.06.2016 14:05
Втор работен состанок на работната група во ДИК
Во Државната изборна комисија денеска ќе се одржи вториот состанок на работната група составена од членовите на ДИК, на партиите и невладиниот сектор околу прочистувањето на избирачкиот список.
-
Економија 29.06.2016 14:01
Бројот на работниците во индустријата во мај поголем за 0,4 отсто
Бројот на работниците во индустријата во мај годинава во однос на мај лани е поголем за 0,4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
-
Свет 29.06.2016 13:49
Валс: Народите мора да соработуваат за да не се распадне Европа
Францускиот премиер Мануел Валс изјави дека победата на Брегзит е доказ за сомнежот на народите кон наметливата Европа. Народите мора да соработуваат за да не се распадне Европа, додаде Валс.
-
Македонија 29.06.2016 13:28
Сочувство од претседателот Иванов до турскиот претседател Ердоган
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска упати писмо со сочувство до претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, по повод терористичкиот напад на меѓународниот аеродром во Истанбул.
-
Македонија 29.06.2016 13:21
Рамазан Бајрам - 5 јули неработен за сите граѓани
Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, 5 јули 2016 година (вторник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Од Министерството на граѓаните од исламска вероисповед им го честитаат празникот Рамазан Бајрам.
-
Македонија 29.06.2016 13:14
Финансиска полиција: За тендерите во Струмица обезбедена судска наредба
Управата за финансиска полиција почна со обезбедување на целокупната документација за јавните набавки во Општина Струмица, за кои во јавноста веќе неколку дена се зборува дека се сомнителни и за кои постојат основани сомневања дека се резултат на извршени кривични дела, соопшти денеска Управата.
-
Македонија 29.06.2016 13:10
Димитриев: Со ребалансот на буџетот повеќе пари за ФЗОМ
Премиерот Емил Димитриев на работен состанок со директорите на Фондот за здравствено осигурување. Со новиот ребаланс на државната каса, повеќе пари за Фондот. Зголемен е интересот и за ин витро оплодувањето. Одобрена е реализацијата на три случаи.










