Вести

  • Македонија 24.02.2016 14:24

    Почна судскиот процес против возачот кој ја прегази Фросина Цековска

    Во скопска единица почна судењето на Љубомир Видојковиќ кој минатиот април на булеварот „Партизански одреди“ ја прегази студентката Фросина Цековска, која почина поради серизноста на повредите.

  • Економија 24.02.2016 14:16

    Надградба на куќите без промена на ДУП

    Куќите ќе можат да се надградат без разлика дали е тоа предвидено со детален урбанистички план. Поминаа измените кои ги направи Министерството за транспорт. Со нив се овозможува, постоечките или куќите што се легализирани, да можат да се надградат до висина до 10 метри и 20 сантиметри.

  • Македонија 24.02.2016 14:10

    Метео: Утре сончево со умерена облачност

    Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

    Во петок ќе има услови за локални врнежи, а за време на викендот ќе биде претежно стабилно сончево и ветровито.

  • Свет 24.02.2016 13:17

    Шулц: Одлуката на Белгија за границата е нормална

    Одлуката на Белгија да ја врати привремената контрола на границата со Франција е „апсолутно нормална“, изјави претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц во интервјуто за Радио „Јуроп“.

  • Економија 24.02.2016 13:04

    Катастар: Секоја недвижност ќе добие своја пазарна цена

    Секоја недвижност во Македонија ќе добие своја пазарна цена. Масовната проценка веќе е почната, првиот чекор со регистарот на цени е направен. Досега се регистрирани над 20 илјади трансакции на недвижности во земјава.

  • Македонија 24.02.2016 13:00

    Курц: Грција не пројавува интерес за намалувањето на приливот на мигранти

    Австрискиот министер за надворешни работи Себатијан Курц оправда одлуката на Австрија да не ја покани Грција на конференцијата на земјите од Западен Балкан посветена на мигрантската криза.

  • Македонија 24.02.2016 12:54

    Кредибилни избори на 5-ти јуни

    Во Македонија мора да има и ќе има слободни, фер и демократски избори, изјави лидерот на СДСМ, Заев. Смета дека мора да се избере нова влада, со полн легитимитет, за решавање на, како што рече, сериозните проблеми и враќање на Македонија на европскиот пат.

  • Македонија 24.02.2016 12:32

    5-ти јуни, нов датум за предвремени парламентарни избори

    Изутрината Собранието го презакажа датумот за предвремените избори на 5-ти јуни. Ова е епилогот од итната седница на која со 83 гласa  „за“, три гласа „против“ и ниту еден воздржан, пратениците ја усвоија измената на одлуката за распуштање на Собранието, со што новиот термин е на 7-ми април.

  • Свет 24.02.2016 12:03

    Во авионска несреќа во Непал 23 загинати

    Нема преживеани патници во авионот Тара Ер, кој беше исчезнат во централниот дел на Непал. Полицијата соопшти дека во леталото имало 23-цата патници и членови на екипажот, меѓунив двајца странци и две деца. Остатоците од леталото се најдени во планинскиот регион Миагди.

  • Македонија 24.02.2016 11:58

    Спроведување на реформите за веродостојни избори

    Жалиме што сите партии не постигнаа консензус изутрината во Собранието околу договорот за 5-ти јуни, новиот датум за предвремените избори, пишува во соопштението на тројката европратеници Ховит, Вајгл и Кукан, во кое се дополнува дека мнозинството пратеници сепак обезбедило продолжување на реализ

Pages