На полноќ истекува рокот за самораспуштање на Собранието со цел одржување предвремени парламентарни избори на 24-ти април согласно со договорот од Пржино.
Вести
-
Македонија 23.02.2016 15:04
-
Македонија 23.02.2016 14:46
Метео: Утре температурите пониски за околу 5 степени
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, а ќе дува и умерен повремено засилен ветер од западен и северозападен правец особено попладне.
Дневната температура ќе опадне за околу 5 степени во однос на денешната.
-
Култура 23.02.2016 14:43
МОБ: Зголемена продукцијата на претстави, најавени нови проекти
30 оперски, балетски и претстави за деца се изведени за неполни два месеца во Македонската опера и балет. Директорот Игор Дурловски вели дека има многубројна публика и е зголемен приходот од продажбата на билети.
-
Свет 23.02.2016 14:27
Сирија: Избори на 13-ти април, опозицијата прифати спогодба
Претседателот на Сирија, Башар ал Асад распиша парламентарни избори на 13-ти април. Главната сириска опозиција ја прифати спогодбата за прекин на непријателството. Договорено е позитивно да одговорат на меѓународните напори за да се дојде до мировна спогодба.
-
Економија 23.02.2016 14:19
Македонски челични конструкции поврзуваат дел од највисоките албански мостови
Македонските челични конструкции поврзуваат дел од највисоките албански мостови на потешко пристапните места.
-
Македонија 23.02.2016 14:06
Строга контрола при транзитот на бегалците
Ситуацијата на јужната граница е мирна. Македонија соодветно на договорот со земјите од балканската рута пушта онолку бегалци колку што ќе се пуштаат на другите граници. Од МВР информираат дека во изминатите 24 часа се издадени потврди на 714 странски државјани.
-
Економија 23.02.2016 13:57
Македонија и Словачка ја зајакнуваат економската соработка
Македонија и Словачка ја зајакнуваат соработката во делот на индустријата, трговијата со вино, текстил, автомобилскиот и ИТ секторот. По потпишаниот меморандум, за прв пат заседаваше мешовитата комисија од двете земји, која треба да ги отвори вратите за бизнисот.
-
Економија 23.02.2016 13:40
На саемот за градежништво општините ќе понудат земјиште за изградба на куќи
Повеќе од 100 компании и околу 14 општини ќе се претстават на меѓународниот саем за градежништво што ќе се одржи од 1 до 5 март. Ќе бидат претставени проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“.
-
Македонија 23.02.2016 13:31
Се гради нова фискултурна сала во среднто училиште „Боро Петрушевски“
Стартуваше првата фаза од изградбата на новата фискултурна сала во средното училиште „Боро Петрушевски“. Издвоени се околу 11 милиони денари. Првиот дел од градежните работи треба да заврши за 7 месеци.
-
Економија 23.02.2016 13:26
Утре Караванот „Купи куќа за млади“ во Охрид и Струга
Утре во рамки на Караванот посветен на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ ќе се одржат презентации во Охрид, во Општината и во Струга, во хотел „Солферино“. Презентациите почнуваат во 17 часот, соопштуваат од Министерството за финансии.










