Истекува рокот за доставување на годишните сметки за 2015-та. Даночните обврзници треба да ја завршат својата обврска до 29-ти месецов, ако се поднесува по електронски пат, последниот рок е 15 март.
Вести
-
Економија 22.02.2016 13:12
-
Македонија 22.02.2016 12:57
За 24 часа издадени нови 773 потврди за азил
Во изминатите 24 часа издадени се потврди на вкупно 773 странски државјани, од кои 219 од машки и 224 од женски пол, како и на 328 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и две деца кои патуваат без придружба на родител, за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право н
-
Македонија 22.02.2016 12:37
МНР: Македонија нема да ги затвори границите за бегалците
Македонија ќе продолжи да ги прима сите бегалци за кои ќе се утврди дека доаѓаат од земји во кои постои опасност по живот. Меѓу нив се и оние од Авганистан кои во моментот Србија не ги пропушта.
-
Економија 22.02.2016 12:33
Бензините поевтинуваат за три денари, цената на дизелот останува иста
Регулаторната комисија ја направи пресметката за следниве две недели. Бензините од полноќ поевтинуваат за три денари.
Дизелот ќе се продава по иста цена, за половина денар поскапува екстра лесното масло за домаќинство, а поевтинува мазутот.
-
Македонија 22.02.2016 11:59
Кривична пријава за 14 лица во вчерашната тепачка кај превојот Стража
Тетовската полиција ќе поднесе кривична пријава за 14 лица учесници во вчерашната тепачка на превојот Стража меѓу навивачите на тетовскиот фудбалски клуб „Шкендија“ и на ракометниот клуб „Будуќност“ од Црна Гора.
-
Култура 22.02.2016 11:50
„Риголето“ во среда на сцената на МОБ
После одличната претстава на почетокот од овој месе, по барање на публиката, во среда на 24-ти февруари со почеток од 20 часот, на сцената на МОБ, повторно ќе биде изведена оперската претстава „Риголето“, на прославениот Џузепе Верди.
-
Свет 22.02.2016 11:37
Заменичката на Меркел бара мигрантски дневни квоти
Потпретседателката на Христијанско- демократската унија, Јулија Клекнер повика на воспоставување центри на границите, од каде што на бегалците ќе им биде дозволен влез во Германија врз основа на дневни квоти.
-
Свет 22.02.2016 11:20
САД- Северна Кореја: Одбиен предлогот за мировна спогодба
САД го одбија предлогот на Северна Кореја да разговараат за мировната спогодба за конфликтот меѓу двете Кореи, соопшти Стејт Департментот.
-
Свет 22.02.2016 10:43
Сирија: Повеќе од 100 луѓе загинати во низа напади
Во бомбашки напади во Хомс и во близина на храм во Дамск се убиени повеќе од 100 луѓе. Сириската државна телевизија објави материјали од самото место на нападот во квартот Ал-Захра, каде што се гледа дека екплозијата предизвикала голем пожар.
-
Македонија 22.02.2016 10:40
„Ало докторе“: За една недела 1.499 повици
На телефонската линија 02/15 123 за медицински совет „Ало докторе“ изминатата недела (од 15 до 21 февруари) имало 1.499 повици, соопшти Здравствен дом Скопје.
Од 15 септември 2014 година кога почна да работи линијата, досега, имало 78.271 повици.










