Слаби се резултатите на македонските основци на меѓународните тестирања, кои се прават според методот читање со разбирање. Зошто е тоа така, одговори побара Институтот за социолошки и политички истражувања.
Викторија Милевска известува.
Слаби се резултатите на македонските основци на меѓународните тестирања, кои се прават според методот читање со разбирање. Зошто е тоа така, одговори побара Институтот за социолошки и политички истражувања.
Викторија Милевска известува.
Оставката на обвинителката Ленче Ристоска денеска пред Советот на јавните обвинители. Едногласно и без расправа е констатирана.
Во Собранието не поминаа предлозите на СДСМ за дополнителни мерки за справување со енергетските притисоци, предизвикани од кризата на Блискиот Исток. За ова се разви дебата и на пратеничките прашања што ги поставува опозицијата.
Миле А. Ристески ја следи седницата.
Македонија старее и тоа со темпо што веќе отвора сериозни прашања за иднината на пензискиот и социјалниот систем. Ревизорскиот извештај што ќе биде објавен утре, предупредува на состојби кои не можат да се игнорираат. Домовите за стари лица се ограничени, услугите за грижа недоволни.
Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Светскиот ден на Ромите не е само симболично одбележување, туку ден за конкретни одлуки и чекори кон еднаквост.
Уставниот суд денеска ќе ја одржи 9-тата седница на која ќе се разгледуваат шест иницијативи за оценување на уставност и законитост, две барања за заштита на слободи и права, а ќе се гласа и по еден предмет.
Во Скопскиот кривичен суд ново рочиште против Стојанче Јовановски. Ќе се изведуваат нови докази и ќе бидат сослушани сведоци.
Министерство за образование и наука (МОН) направи значаен исчекор во унапредување на образованието на ромската заедница, обезбедувајќи за прв пат учебник по изборниот предмет „Јазик и култура на Ромите“ за 6-то одделение.
СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Д.С.(27) од село Владевци, општина Василево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.