Празничната магија пристигна во Скопје, а овде, во срцето на македонската престолнина, на плоштадот „Македонија“, светна и новогодишната елка, со што официјално беше означен почетокот на новогодишната програма „Скопје – зимска новогодишна бајка“.
-
Македонија 15.12.2025 20:16
-
Македонија 15.12.2025 19:27
Министерот Минчев на настан посветен на зајакнување на институционалната соработка меѓу САД и Македонија
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, присуствуваше на настанот „Зајакнување на институционалните капацитети: одбележување на соработката помеѓу САД и Северна Македонија“, кој беше во организација на Министерството за финансии.
-
Македонија 15.12.2025 18:58
УХМР: Сончево до крајот на седмицата, утринска магла по котлините
До крајот на седмицата во земјава ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини ќе има појава на магла.
-
Македонија 15.12.2025 18:17
Тошковски: МВР успешно го заокружи проектот со ОБСЕ за хибридно образование
Министерството за внатрешни работи денес официјално го одбележа завршувањето на проектот „Градење на хибриден образовен систем во Министерството за внатрешни работи на Македонија“, со кој се поставуваат темелите на современ, одржлив и технолошки напреден систем за полициска обука.
-
Македонија 15.12.2025 17:23
Новогодишно украсување на Скопје
Зимска новогодишна бајка во главниот град. По теркот на светските метрополи, новогодишниот дух се разбуди и во Скопје, со елка, божикен пазар и многу украси.
Од денеска до 31 декември се очекува секојдневна музичка богата програма, многу настани за сите генерации.
-
Македонија 15.12.2025 16:37
Судскиот совет го следи случајот со Стафа
Неготинчанецот Љупчо Пецов кој е во бегство, а е обвинет во случајот „Синџир“ штом биде пронајден ќе заврши во притвор. Ваква одлука на почетокот на месецов едногласно донел Советот на апелацискиот суд, кој го одбил неговото барање да даде гаранција за да се брани од слобода.
-
Македонија 15.12.2025 16:19
Едукација против врсничкото насилство
Бисера Стојаноска од прилепското електромашинско училиште била сведок на врсничко насилство. Не сакала да молчи.
Вербално, физичко, сајбер насилство. Не може да се замиже пред врсничкото насилство.
Врсничкото насилство е во подем, сметаат психолозите.
-
Македонија 15.12.2025 16:07
Бојкот на вработените во Управата за матична евиденција
Бојкот на вработените во Управата за матична евиденција ќе предизвика застој во издавањето на документи за граѓаните.
-
Македонија 15.12.2025 15:31
Зголемено нивото на водата во повеќе реки во земјава
Зголемено ниво на реките во однос на просекот за декември се бележи денеска на Пчиња кај Катлановска бања, на Вардар кај Јегуновце, Скопје, Велес и Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Црн Дрим кај Ложани, како и на Сатеска кај Ботун, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
-
Македонија 15.12.2025 14:40
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Скопска Апелација за една година му ја зголеми казната на Васил Јованов кој во јануари годинава на пешачки премин ја усмрти Фросина Кулакова.
Во соопштението од судот се вели дека се уважува жалбата на Обвинителството, а на обвинетиот му се изрекува казна од 13 години затвор.










